Ова неодговорно однесување покажува колку не се грижат за здравјето на граѓаните, ниту за своите колеги.

Објавил: Едмонд Бекири | 20 мај, 2020 0:08

ШЕЌЕРИНСКА: Наќе Чулев од нервоза го згреши демантот, ни неговите партиски колеги не го бранат повеќе!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Радмила Шекеринска на социјалните мрежи му порача на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев дека го згрешил демантот упатен кон неа, по емисијата на ТВ 24. Таа вели дека кога видел дека не го бранат ни неговите партиски колеги, потпретседателот на неговата партија, Николовски, во брзањето ги измеша демантите.

Наќе Чулев го згреши демантот. Од нервоза. Кога виде дека не го бранат ни неговите партиски колеги, кога виде дека “го пушта низ вода” потпретседателот на неговата партија, Николовски, во брзањето ги измеша демантите, пишува на Фејсбук статус, Радмила Шеќеринска.

Реши да го демантира тоа што не е кажано.

Наќе Чулев го згреши демантот. Од нервоза. Кога виде дека не го бранат ни неговите партиски колеги, кога виде дека “го пушта низ вода” потпретседателот на неговата партија, Николовски, во брзањето ги измеша демантите, пишува на Фејсбук статус, Радмила Шеќеринска.

Јас не реков дека припадниците на МВР се заразиле на прославата на МВР, туку дека четворица од припадниците на МВР кои биле на прославата денеска се позитивни на КОВИД 19.

Тоа само потврдува дека собирањето на повеќе од 50 лица на едно место, кога сите собири се откажаа поради заразната болест, е врвна неодговорност и ставање на припадниците на МВР и гостите во ризик.
На ова ниту ДПМНЕ ниту Чулев немаат демант. Ова неодговорно однесување покажува колку не се грижат за здравјето на граѓаните, ниту за своите колеги, вели Шеќеринска.

Во однос на изјавата на Вицепремиерката Радмила Шекеринска, за тоа дека четири полициски службеници се заразени од COVID19, на денот на одбележување на Денот на полицијата, би сакал да ја информирам јавноста дека истата преставува груба дезинформација и пласирање на лаги и невистини во јавноста.

Ваквите неумесни и паушални изјави најпрво фрлаат сенка на работата на Министерството за внатрешни работи, а потоа и на професионалноста и одговорноста на полициските службеници кои целиот изминат период успешно се борат против ширењето на пандемијата во нашата држава.

Факт е дека ваквото одбележување на која дадовме почит и признание на полициските полицискитее службеници од првиот ден е „трн во око“ на г-ѓата Шекеринска, а со денешните неточни изјави уште еднаш се потврди тоа, вели Чулев.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Фејсбук

Само неколку недели откако напиша статус во кој вели дека ќе даде се од себе во борбата против ВМРО-ДПМНЕ и луѓето блиски до партијата, Павле Богоевски вети дека ќе штрајкува со глад и гол и бос ќе седи пред Основниот суд во Скопје.

ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ ЌЕ ШТРАЈКУВА СО ГЛАД ДОДЕКА НЕ СЕ ВРАТИ МИЈАЛКОВ ВО ЗАТВОР!

Не е лесно да се биде борец за правда во Република Македонија, но некој мора. Павле Богоевски...

Нападот врз полицијата на Косово и ЕУЛЕКС, како и сите акти кои водат кон ескалација на ситуацијата се неприфатливи, напиша вечерва министерот за надворешни работи Бујар Османи на својот фејсбук профил.

Бујар Османи се огласи за состојбата во Косово

Со голема загриженост ја следиме состојбата на северот на Косово. Нападот врз полицијата...

Свети Климент Охридски е продолжение на духовната и хумана дејност на светите Кирил и Методиј за описменување на народот.

Честитка по повод празникот Свети Климент Охридски од Христијан Мицкоски

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на граѓаните на Република Македонија...