Таа рече дека очекува во заклучоците на Советот на ЕУ да биде констатирано дека сме ги исполнуваме сите услови и дека тие ќе бидат поддржани од сите земји членки на Унијата.

Објавил: Рејхан Бајрами | 17 јуни, 2019 22:03

Шеќеринска: “Немам никакви дилеми, убедена сум дека оваа година ќе преговараме со ЕУ„

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Во вечерашното гостување во емисијата Топ тема на Телма, заменик претседателката на СДСМ и министерка за Одбрана, Радмила Шекеринска истакна дека Европската унија, преку Извештајот на Европската комисија го препознава успехот на државата во реформскиот процес и очекува тоа да биде потврдено и од Советот на ЕУ.

Во гостувањето во емисијата Топ тема на Телма, заменик претседателката на СДСМ и министерка за Одбрана, Радмила Шекеринска рече дека очекува во заклучоците на Советот на ЕУ да биде констатирано дека сме ги исполнуваме сите услови и дека тие ќе бидат поддржани од сите земји членки на Унијата.

Тие очекувања и услови не се однесуваат само на договорот со Бугарија и Грција, туку пред се на домашните реформи што беа наредени во пет-шест многу сериозни области. Не постои ниту еден аргумент и алиби кој некој ќе го извади и да каже ова и ова не е завршено и тоа мислам дека ни ги засилува позициите оти тоа не е став само на Комисијата, туку ќе биде став на земјите членки. Тоа мора да го гарантираме во заклучоците поддржани од Советот, рече Шекеринска.

Заменик претседателката Шекеринска посочи дека со забрзаната ратификација за пристапување во НАТО и интензивирањето на интеграцијата во ЕУ, како држава покажавме дека сме на вистинскиот пат, дека влогот е голем и затоа не смеат да се дозволат грешки ниту на домашен ниту на надворешен план.

Убедена сум, бидејќи постојат дилеми, оваа година ќе преговараме со ЕУ. Секојпат кога имаме политичка волја и знаење сме успеале, порача вечерва вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска во емисија на ТВ Телма, одговарајќи на прашања поврзани со датумот за отпочнување на преговорите со Европската Унија.

Исто така во однос на ставот на Холандија за Албанија, Шеќеринска рече дека Холандија го има тоа ограничување и оти тоа нема да се промени во јуни или јули.

– Ние сакаме двете земји да почнат да преговараат оти мислиме дека е покорисно. Меѓутоа, во одреден момент секој има одговорност да ја бутка агендата на својата земја. Франција гледа дека сега немора да излезе со одговор затоа што Германија нема време за да пресече, појасни Шекеринска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.