Шансите се отворени за сите кои ќе ги исполнат критериумите, потенцира таа и додаде дека со тоа стекнуваат шанса и за загарантирано работно место во Армијата.

Објавил: Перо Милчин | 10 јули, 2019 20:50

ШЕЌЕРИНСКА ПОВИКУВА: Младите да се пријават за пилоти во Армијата, конкурсот е отворен до 1- ви август!

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, денеска од Центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, ги повика сите млади граѓани државјани на нашата земја со завршено високо образование и стекнати 180 кредити да се пријават на отворениот конкурс за прием на кандидати и по завршувањето на обуката да станат пилоти во Армијата на Република Македонија.

Како што изјави денеска министерката Шеќеринска од центарот за обука на пилоти во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, шансите се отворени за сите кои ќе ги исполнат критериумите и додаде дека со тоа стекнуваат шанса и за загарантирано работно место во Армијата.

Досега во Центарот се обучени вкупно 24 пилоти, од кои 13 за потребите на Армијата, девет за Министерството за внатрешни работи и два за потребите на црногорското воздухопловство. 

– Во измените во законот што треба да биде испратен во Собранието, предвидуваме дури и во периодот на обука на пилотите да обезбедиме финансиски надомест за пилотите да знаат дека им е загарантирано местото, но и да имаат финансиска сигурност додека се на обука, изјави Шекеринска.

Центарот за обука на пилоти, потенцира полковник Валентин Ивановски, проект менаџер во Центарот, со својата опрема и методите што ги применува, овозможува завршените кандидати веднаш да се вклучат во воздухопловната бригада и да ги прифатат стандардите на НАТО, кои ни се потребни за нашето идно членство. 

– Обуката на симулаторот овозможува работа на комуникациско-навигациски системи кои ни се потребни во нашата интеграција во воената структура на НАТО силите, рече Ивановски.

Центарот за обука на пилоти, рече министерката, е еден од најсовремените капацитети во регионот за изведување настава и обука на воени пилоти.

На прашање од новинарите дали се планира модернизација на воздухопловите на Армијата како идна земја членка на НАТО, Шекеринска рече дека планот е некаде после четири години ќе отпочнеме со замена на старите хеликоптери со нови, западна платформа, прилагодени на стандардите на НАТО и ќе можеме повеќе да соработуваме со сојузниците.

Еден од принципите на НАТО, што ќе ни одговара нас како мала земја е т.н. „Паметна одбрана“ и од тој аспект „Ер полисингот“ односно најголемиот дел од државите во нашиот регион ги користат сојузничките капацитети за контрола на своето небо.

Тоа ќе го направиме и ние. Веќе ги завршивме преговорите со Грција околу техничкиот аранжман и се надеваме дека во тој проект ќе се приклучи и Бугарија. Ние на оперативно ниво имавме серија консултации со грчката страна за да се изведе тој пробен лет, требаше целосна подготовка и соработка помеѓу двете страни. Тој помина многу успешно, изјави министерката за одбрана Шекеринска.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.