Парадата започна во 12 часот пред паркот „Жена борец“ и продолжи кон Градскиот парк каде што покрај неколку музичари, настапи и Тамара Тодевска со песната „Прауд“.

Објавил: Перо Милчин | 29 јуни, 2019 14:54

Шеќеринска, Царовска, Богоевски во првите редови на „Парада на гордоста“ во Скопје!

Фото/Текст извор: ©нетпрес

Неколку илјади граѓани денеска маршираа низ скопските улици на „Парадата на гордоста“, што се одржа за прв пат во Македонија.

Парадата започна во 12 часот пред паркот „Жена борец“ и продолжи кон Градскиот парк каде што покрај неколку музичари, настапи и Тамара Тодевска со песната „Прауд“.

Маршот што го обезбедуваа голем број полициски единици помина без никакви инциденти. Со транспаренти и знамиња со боите на виножитото, меѓу учесниците кои парадираа по скопските улици забележливо беше присуството на учесници од повеќе држави, меѓу кои Грција, Бугарија, Србија, Велика Британија.

Неколку илјади граѓани денеска маршираа низ скопските улици на „Парадата на гордоста“, што се одржа за прв пат во Македонија.

На настанот беа присутни и членови на Владата, меѓу кои министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, советникот Роберт Алаѓозовски, екс-пратеникот Павле Богоевски, како и голем број членови на невладини организации.

Истовремено, денеска со зурли и тапани, оро и молитви се одржа и Маршот за традиционално семејство, кој се организираше како контра-собир на првата Парада на гордоста.

По литургијата во црквата Пресвета Богородица во Скопје, собраните пееја духовни песни, се прекрстуваа и носеа пароли „Брак, семејство, иднина“, „И плодот во утробата има права“, „Полот и родот е биологија, не идеологија.

Нив ги придружуваа свештеници од МПЦ, чесни сестри од католичката црква и припадници на муслиманската заедница, евангелистичката и методостичката црква.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.