Велосипедската патека и тротоарот се доволно широки и физички одвоени со жардиниера со средишно зеленило или со дрворед за кои е поставен систем за наводнување капка по капка.

Објавил: Перо Милчин | 17 ноември, 2020 13:18

ШИЛЕГОВ: ВОВЕДУВАМЕ НОВИ СТАНДАРДИ ЗА ГРАДСКИТЕ ТРОТОАРИ

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Градот Скопје воведува нови стандарди во работењето при изградба и реконструкција на улиците, а според новите стандарди на квалитет се и широките тротоари и велосипедските патеки на бул. 11. Октомври, 8. Септември, Партизански одреди, Даме Груев и други.

Мојата идеја е дека во следните две децении нашиот град треба да стане град со одржлив развој, град во кој надвор од автомобилскиот, секако мора да имаме соодветна инфраструктура и на алтернативниот сообраќај, пред се на велосипедскиот и на пешачкиот, како стандарди на коишто јас со граѓаните зборував во текот на мојата изборна кампања, а очекувам дека и граѓаните сакаат да ги применуваат.

Ова е стандардот што веќе го работиме, гледате дека и центарот добива сосема нов лик и Скопје чекор по чекор станува онаков град каков што јас, меѓутоа и граѓаните на Скопје го замислуваме, а скопјани го заслужуваат – кажа Шилегов.

На булеварот 11. Октомври, на потегот од булеварот Кочо Рацин до улицата Стив Наумов (Филип Втори Македонски) покрај коловозот се реконструирани и тротоарите и велосипедските патеки согласно со најновите стандарди за одржлива урбана мобилност. Велосипедската патека и тротоарот се доволно широки и физички одвоени со жардиниера со средишно зеленило или со дрворед за кои е поставен систем за наводнување капка по капка.

Велосипедската и пешачката патека од коловозот се одвоени со заштитни столпчиња што дополнително ја зголемува безбедноста на пешаците и велосипедистите. За пешачките патеки исфрлени се од употреба плочките што брзо се оштетуваат и користен е печатен бетон кој е поотпорен како материјал и како таков поволен за пешачење.

На настанот присуствуваше и градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Сообраќај

Од Синдикатот на контролори на летање велат дека се единствени, а добиваат се поголема поддршка од вработените. Доколку не се исполнат нивните барања, продолжуваат со штрајк секој четврток од 11 до 17 часот, но не ја исклучуваат можноста и за негово интензивирање

Денеска 6 часа без полетувања и слетувања на аеродромите во Скопје и Охрид, поради штрајк

Денеска на двата аеродрома во државата, скопскиот и охридскиот, 6 часа ќе нема полетување...

Кандидатите треба да достават и доказ дека со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана за вршење на професија, дејност или должност.

ЈСП ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА ВОЗАЧИ Кандидатите треба да имаат минимум 2 години возачко искуство

ЈСП „Скопје“ објави оглас за вработување на возачи. На веб страната на јавното претпријатие...

Патничките возови 601 на релација Скопје – Велес и 2080 на релација Велес – Скопје нема да сообраќаат во периодот од 26 јуни до 10 јули, освен во недела кога ќе сообраќаат според возниот ред, информираат од ЈП ЖРСМ Инфраструктура.

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули

Возовите на релација Скопје – Велес нема да сообраќаат од 26 јуни до 10 јули! Патничките...