Одлуката доаѓа по информацијата која излезе во јавноста дека директорот на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“ во саботата бил уапсен со две пакувања кокаин во Струга!

Објавил: Владо Марин | 17 август, 2020 15:35

ШИЛЕГОВ го разреши директорот на ЈП Улици и патишта

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов, преку статус на Фејсбук го соопшти разрешувањето на досегашниот директор на ЈП улици и патишта Скопје, Сенад Смаиловиќ.

Дозволете ме да ја известам јавноста дека досегашниот директор на ЈП Улици и патишта – Скопје денес е разрешен од досегашната фунција, напиша пред малку Шилегов.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов на својот Фејсбук профил известува дека досегашниот директор на ЈП Улица и патишта – Скопје, Сенад Смаиловиќ денеска е разрешен од досегашната функција.

Одлуката доаѓа по информацијата која излезе во јавноста дека директорот на скопското јавно претпријатие „Улици и патишта“ во саботата бил уапсен со две пакувања кокаин во Струга!

На 15.08.2020 во 22: 40 часот на ул.„Владо Малески“ во Струга, полициски службеници од Полициската станица Струга го лишиле од слобода С.С.(33) од Скопје, затоа што при преглед кај него бил пронајден кокаин. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок, стои во билтенот на МВР.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.