Улиците во Скопје раскопани

Објавил: admin@magazin | 8 април, 2019 8:39

Шилегов и Богдановиќ три месеци прават улици од 200 метри !?

Фото/Текст извор: ©magazin.mk

Три месеци тротоарите долж улицата Даме Груев во центарот на Скопје стојат раскопани. Градоначалниците на Град Скопје Петре Шилегов и на Општина Центар Саша Богдановиќ на 5 јануари се пофалија дека почнале со градежни работи за ослободување на тротоарите на овој дел од паркирани коли. Најавија дека ќе биде изведена велосипедска и пешачка патека, а за да не се паркираат коли ќе се постават столпчињa, пишува Сакамдакажам.мк

Од Град Скопје, пак, имаат друго објаснување зошто и после три месеци тротоарите се раскопани и неасфалтирани. Велат дека на пазарот немало битумен за производство на асфалт и затоа не можеле досега да завршат со градежните работи.

Откако асфалтот беше ископан поминаа три месеци, а велосипедска патека уште нема. Тротоарот е со земја и камења, а асфалт е поставен само на неколку метри на почетокот на велосипедската патека.

Од Општина Центар велат дека не можеле досега да асфалтираат оти граѓаните кои живеат во околните згради се жалеле дека ќе немаат каде да паркираат. 

Со реализација на проектот „Паметен град“, Скопје ќе стане модерна престолнина, каде што основен двигател се напредните информатички технологии. Крајната цел е граѓаните да добијат ефикасни и евтини јавни услуги, со целосен увид во перформансите на градската администрација. Работиме на воспоставување концепт на централен комунален сервис кој има за цел да им овозможи на граѓаните простор каде што ќе можат да пријават проблем поврзан со комуналните услуги на градот Скопје и веднаш да добијат решение“, кажа Шилегов на Самитот во Сараево.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести