Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов со два негативни теста на коронавирус, утре се враќа на обврските. Тој оваа вест ја објави на својот профил на „Фејсбук“.
Почитувани, вечерва ги добив резултатите од вториот тест на Ковид 19. Како и вчерашниот и денешниот е негативен.
И официјално, невидливиот противник е победен, пишува Шилегов!
Се гледаме од утре во секојдневните активности. Ви благодарам на сите за несебичната подршка и убавите мисли и желби во изминативе 16-17 дена.
Уште повеќе благодарам на оние кои и не баш имаа такви мисли и желби!
Чувајте се, од утре заеднички продолжуваме, потенцираше градоначалникот на град Скопје!
Тој на 20 јуни објави дека е позитивен на вирусот и дека има благо покачена температура, но се чувствува добро!
»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.
You must be logged in to post a comment.