На прашањето на новинарот, кој новогодишен порадок од неговата сопруга му оставил најголем впечаток градоначалникот вели Љубов.

Објавил: Катерина Крстиќ | 24 декември, 2019 17:23

Шилегов откри кој му е најдобар пријател за во кафана- го споменува и Заев

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, во гостување на Бекстејџ открива многу интересни детали за себе, а меѓудругото откри и кој му е најдобар пријател за во кафеана од политичарите, но и што неговата сопруга му поклонила изминатата 2019 по повод празниците и Новата година. 

Шилегов во гостување во Бекстејџ открива дека има големо друштво со кое си поминува убаво и има многу моменти за паметење.

На прашањето на новинарот, кој новогодишен порадок од неговата сопруга му оставил најголем впечаток градоначалникот вели Љубов.

Љубов, дефинитивно нема поголем подарок што еден човек во животот може да го доживее од љубов. Се друго е само материјални нешта, значи ми има подарено љубов, ми има подарено две прекрасни деца. Дали постои поголем поклон во животот на еден човек од љубовта, вели Петре Шилегов.

Градоначалникот открива дека прославата во далечната 1984 му оставила најголем впечаток, во времето кога тој бил средношколец, а прославата била во празен стан.

Шилегов во интервјуто открива дека до сега голем дел од желбите кои ги замислил за Нова Година му се исполниле.

Тој открива неколку имиња во чие друштво ужива и често знае да седне во кафеана, а меѓу нив ги споменува и Шеќеринска, Мила Царовска и Зоран Заев.

Имам една прекрасна екипа со која што го водиме овој град веќе две години, Кико, Сенко, Дуле, Ардиан, Самет, Борче, тоа се луѓе со големо срце. Бајдо што е претседател на градската организација на СДСМ. Дамјан ми е тука, Радмила ми е тука, Мила, Заев. Тоа се луѓе со кои што јас можам без оглед на поводот или мотивот да поминам добри моменти за сеќавање. 

Шилегов упати честитка до политичарите:

Да ја смириме топката! Разбирам дека во април имаме избори ама сметам дека помеѓу двете најголеми политички структури треба да има помирување.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.