Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, си ги собрал плочките од Улица Македонија и плоштадот од градското депо и си со нив си гради ексклузивна вила во Маврово

Објавил: Мартин Попоски | 20 септември, 2018 10:40

Шилегов плочките од градот си ги ставил во вилата на Маврово?

Фото/Текст извор: ©лидер.мк

Отворен е сомнежот дека градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, градските плочки кои ги заменува со нови си ги користи за изградба на викендицата.

Имено порталот лидер.мк направи екслузивни  фотографии од луксузната вила на Петре Шилегов во Маврови Анови, каде се гледа дека во дворот на истата се реди гранитна коцка, која што според информациите кои дојдоа до нив, е коцка од депоата на град Скопје, а која била извадена од Плоштад и улица  Македонија.

На Шилегов очигледно му недостасува старо Скопје, но наместо да го гради  Скопје тој гради во Маврово, во дворот на неговата луксузна викендица.

Додека скопјани скоро година дена немаат видено ниту еден проект од Шилегов, а започнатите од претходнатаа власт сеуште каскаат, Шилегов интензивно гради на своите приватни парцели.

Сега гледаме зошто таткото на градот нема време за  Скопје и градските проблеми.

Редакцијата на порталот телефонски разговараше со портпаролот на Град Скопје, Валон Салиху, кого го запраша дали вилата на Петре Шилегов во Маврови Анови, во нејзиниот двор се реди со гранитна коцка, од депоата на град Скопје,  која била извадена од плоштадот и улица Македонија.

Валон одговори дека е на одмор и прати мобилен телефон од извесен  Влатко и e-mail за контакт со медиуми.

Но Влатко не одговори на телефонските повици, а не ни врати ниту е-mail со одговори на нашите прашања. А не  беше дозволено ниту да се направат слики во депото од град Скопје да се провери дали таму уште стојат коцките што биле извадени од плоштадот и улица Македонија.

Порталот сепак направи екслузивни  фотографии од луксузната вила на Петре Шилегов во Маврови Анови, каде се гледа  дека во дворот на истата се реди гранитна коцка, која што според информациите е коцка од депоата на град Скопје, а која била извадена од Плоштад и улица  Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести