Шилегов го објасни трамвајот што ќе се гради, а за кој преговорите со Владата за финансирање се во завршна фаза.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 октомври, 2019 21:09

Шилегов со Трамвај од 100 милиони евра ќе го прочистува загадениот воздух

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Гратскиот татко, Петре Шилегов на вечерашниот настан по повод 2 години на функцијата, изјави дека тој ќе помогне за чистење на загадениот воздух.

Шилегов го објасни трамвајот што ќе се гради, а за кој преговорите со Владата за финансирање се во завршна фаза.

Градоначалникот на Скопје, Шилегов го објасни трамвајот што ќе се гради, а за кој преговорите со Владата за финансирање се во завршна фаза.

-Трамвај со систем на водород кој ќе продуцира електрична енергија која ќе го движи. Единствен продизвод од овој трамвај ќе биде водена пареа, односно нула емисија на штетни гасови. Ќе има 24 метарски возила, на секои 4 минути ќе пристига возило на станица и ќе биде тотално издвоен од останатиот сообраќај, рече Шилегов.

Според пресметките изградбата на инфраструктурата и набавката на возилата ќе чини околу 100 милиони евра.

Ваквата одлука на Шилегов е поради загадувањето кое е актуелно во моментот. Македонија има неколку градови кои се наоѓаат на оваа листа на најзагадени во светот.

Граѓаните се плашат дека ова е само почеток, како ќе се намалуваат температурите така загаденоста ќе се зголемува.

Граѓаните се гушат и апелираа до власта да започне со преземање на мерки со кои ќе се спречи загадувањето.

Македонија има огромни проблеми со загаденоста, особено во градовите Битола, Тетово, Скопје, Куманово, но загаденост е присутна и во другите градови.

Инаку пред неколку дена излегоа и официјалните податоци од СЗО, каде се наведува дека во светот годишно од загадениот воздух умираат 8,8 милиони луѓе, додека од пушењето умираат 7,2 милиони. Во Европа, од загадениот воздух умираат околу 790 000 лица годишно.

Во Источна Европа, според СЗО, ситуацијата е посебно алармантна во Бугарија, Романија, Украина и Хрватска.

Македонија не е на оваа листа на СЗО.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести