Ги повика сите граѓани кои од одредени причини не излегоа на гласање, во вториот круг масовно да излезат и да гласаат.

Објавил: Мирко Бачиќ | 18 октомври, 2021 21:32

Шилегов убеден дека ќе победи во вториот круг на гласање

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Кандидатот и актуелен градоначалник на Град Скопје поддршан од СДСМ и Коалицијата Петре Шилегов денеска порача дека во вториот изборен круг влегуваат изедначено и оти ќе имаат голема победа.

Шилегов на прес-конференција го оцени вчерашниот изборен ден како успешен и како празник на демократијата и им честиташе на сите кандидати за резултатот во првиот круг и на граѓаните кои излегоа на гласање.

Сакам да се заблагодарам на поддршката на секој граѓанин во првиот изборен круг. Во вториот изборен круг влегуваме изедначено. Скопје мора да продолжи напред и јас силно верувам дека скопјани во вториот изборен круг ќе излезат во многу поголем број и ќе дадат поддршка за политиките што Скопје за четири години целосно го променија. Реализиравме огромен број проекти во интерес на граѓаните, решававме и решивме децениски напластени проблеми во градот. Работевме за сите граѓани подеднакво и Скопје стана конечно единствен град, рече тој.

Ги повика сите граѓани кои од одредени причини не излегоа на гласање, во вториот круг масовно да излезат и да гласаат. 

Јас сум убеден дека заради ова и заради поголемиот коалициски капацитет во вториот изборен круг ќе извоиме голема победа. Госпоѓа Арсовска е поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и по анализа на резултатите го достигна истиот резултат што ВМРО-ДПМНЕ го имаше во Скопје на Парламентарните избори лани. Коалицискиот капацитет што го имам јас бидејќи е капацитет коалициски со граѓаните е многу поголем и поуспешен и верувам во победа на изборите.Јас како и секогаш се потпирам на гласовите на граѓаните, потенцира Шилегов.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести