Големото финале се игра утре, а противник на вардарци во големото финале ќе биде екипата на Веспрем.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 јуни, 2019 23:26

Шилегов : Утре сите на плоштадот Македонија заедно да навиваме за ” Вардар”

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

По денешната победа на македонскиот шампион Вардар, над Барселона, Македонија е горда на своите ракометари. 

Денеска тие покажаа како со последни херојски може да се одигра натпревар, за да го направат горди својот народ, својата татковина.

Градоначалникот Петре Шилегов по повод утрешното финале кое ќе се одигра во Келн, помеѓу Бардар и Веспрем, кој ќе започне во 18часот, повика сите заедно на видео бим, на плоштадот Македонија да се соберар и заедно да го бодрат македонскиот шампион.

Градот Скопје, утре на нашиот плоштад на видео бим организира заедничко следење и бодрење за новиот триумф на Вардар и неговата нова европска шампионска титула. Ајде масовно сите на плоштад. Еден е Вардар!!! Едно е Скопје!!!, повика Шилегов на Фејсбук.

Големото финале се игра утре, а противник на вардарци во големото финале ќе биде екипата на Веспрем.

На денешниот натпревар на кој Вардар успеа да ја совлада Барселона, за херој на натпреварот беше голманот Дејан Милосављев. Српскиот чувар на мрежата дојде како дебитант на Ф4, а на првиот настап, против екипата која игра во најдобра форма во Европа, забележа вртоглави 18 одбрани.

Победничкиот гол кој и ја пресуди судбината на Барселона, го постигна капитенот Стојанче Стоилов.
Градот Скопје утре на плоштад организира заедничко следење на финалето”>Вардар оствари сензационална победа над Барселона со 29-27 во полуфиналето на Ф4-турнирот во Келн, што го однесе во второ финале, по шампионското во 2017 година.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести