Агентот на КГБ Јенс Столтенберг, познат и под кодното име “Стеклов”, за кој норвешките власти имаат специјално досие, ни продава НАТО интеграции против Русија?

Објавил: Мирко Бачиќ | 6 септември, 2018 9:09

Шилегов ќе именува улица по Столтенберг постариот

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Улица во централниот дел на Скопје ќе биде именувана по Торвалд Столтенберг, таткото на Јенс Столтенберг, кој од вчера е во посета на Скопје како висок политички гостин, о0дносно како генерален секретар на НАТО кој треба да ја поттикне и омасови поддршката за референдумот на 30 септември.

Од кабинетот на скопскиот градоначалник Петре Шилегов велат дека пешачката улицата во Градскиот парк меѓу јужната трибина на стадионот и езерцата во паркот од утре ќе го носи името Торвалд Столтенберг, кој почина на 14 јули годинава на 87-годишна возраст. 

Интересен податок е дека се до 1990 година имал редовни контакти со дипломати од Советскиот сојуз. Неговите никогаш неразјаснети мотиви за овие средби прекинале по опомената од страна на Норвешката Агенција за Разузнавање која го повикала на разговор на која му посочила дека неговиот контакт е во основа КГБ агент и го предупредила за идните контакти. Столтенберг во КГБ имал и кодно има за информации како “Стеклов”. Дали контактите биле намерни и со кои цели никогаш не е откриено иако не се непознати симпатиите на Столтенберг особено кон Путин со кого се фотографирал прв во 2000 година по именувањето од страна на Борис Јелцин.

Јенс Столтенберг денеска ќе има заедничка прес-конференција и со скопскиот градоначалник Петре Шилегов, по повод именување на улица во Скопје по неговиот татко, дипломатот Торвалд Столтенберг, кој е прогласен за заслужен граѓанин на Скопје, поради неговото лично залагање за големата помош што Норвешка ја даде по катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

Норвешкиот дипломат и почесен граѓанин на Скопје, Торвалд Столтенберг , кој во јули почина на 84-годишна возраст, ќе добие улица која ќе го носи неговото име.

Тогаш на седница советниците со едноминутно молчење му оддадоа почит за неговиот придонес во обновувањето на Скопје после земјотресот. Градоначалникот Шилегов потоа најави дека Град Скопје, во иднина ќе се оддолжи за неговиот несебичен влог со тоа што ќе предложи една од скопските улици да го носи името Торвалд Столтенберг.

„Столтенберг, во градот Скопје зад себе остави многу вредни зданија, кои и ден-денес, не само што се обележја на едно т.н. постземјотресно време, туку се и зданија кои се парадигма за неговата хуманитарност и солидарност. Затоа улица во градот ќе го носи неговото име“, рече Шилегов.

Столтенберг имал исклучителни заслуги за помошта што ја добил градот Скопје после катастрофалниот земјотрес во 1963 година, а поради неговиот ангажман со помош на Норвешка и Данска била изградена Детската болница за белодробни заболувања во Козле.

По иницијатива на Столтенберг само еден ден по земјотресот, од норвешкиот Црвен крст со транспортен авион, во Скопје биле испратени 2.300 волнени ќебиња, 80 килограми антибиотици, 250 пакети за трансфузија на крв, како и 5000 пакети за прва помош.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести