Градоначалникот на Скопје го прокоментира и отстранувањето на другите галии, за кои рече дека ќе остави малку време, затоа што присилното отстранување ќе чинело многу.

Објавил: Катерина Крстиќ | 9 март, 2020 19:14

Шилегов ќе ја отстрани првата галија од Вардар поради безбедноста на Скопјани

Фото/Текст извор: ©магазин.мк фото република.мк

Градскиот татко Петре Шилегов денеска изјави дека галијата која прва беше поставена во коритото на реката Вардар, наспроти стара пошта може да предизвика поплави, па по тој најави дека на сопственикот му дава 30 дена за да ја отстрани од ова место.

„Создадени се услови и во рок од 30 дена, сметано од денеска, корисникот треба да го отстрани она што се нарекува урбана опрема. Во спротивно по истекот на рокот, градот на негов трошок ќе го направи тоа, по 10-ти април оваа година“.Безбедноста на Скопјани е на прво место и сите анализи досега покажа дека објектите кои се наоѓаат внатре во коритото на Вардар сериозно можат да го загрозат градот со можност за поплава, да предизвикаат материјални штети но и да ги загрозат животите и здравјето на граѓаните“,, изјави Шилегов .

Градскиот татко Петре Шилегов денеска изјави дека галијата која прва беше поставена во коритото на реката Вардар, наспроти стара пошта може да предизвика поплави, па по тој најави дека на сопственикот му дава 30 дена за да ја отстрани од ова место.

Градоначалникот на Скопје го прокоментира и отстранувањето на другите галии, за кои рече дека ќе остави малку време, затоа што присилното отстранување ќе чинело многу.

„Проценките на градот се дека ако насилно ги отстраниме трите галии тоа би чинело околу 6 милиони евра, а тоа се средства што градот ги нема“

За потсетување, минатата недела градоначалникот на Скопје, Шилегов побара дозвола од градоначалникот на општина Центар, Саша Богдановиќ спомениците од проектот 2014 да преминат во сопственост на Град Скопје на што Богдановиќ одговори негативно посочувајќи дека „Според изборниот законик во изборниот период не смее да се отуѓува државен имот“.

За мене како човек и како политичар, проектот „Скопје 2014“ е неприфатлив затоа што е ментална контаминација на скопјани, особено на младите генерации. Затоа што зборуваме за град што никогаш не бил ваков и нема ваква традиција како што некој вештачки се обиде да ја наметне.Побарав од Општина Центар да ја предаде, покрај одржувањето и сопственоста, за да можеме ние да влеземе потоа во дислокација на дел од спомениците од проектот „Скопје 2014“рече тогаш Шилегов.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести