Според Кривичниот суд, обвинетите кои дејствувале заедно се виновни затоа што на свиреп начин го лишиле од живот Никола Саздовски. Свирепиот начин на лишување од живот го истакна и Обвинителството во обвинителниот акт кој го поднесе во месец септември минатата година.

Објавил: Весна Петровска | 10 октомври, 2019 18:45

Шокантана изјава на Села: Двајца Албанци случајно и несакајќи го нападнаа, а беа осудени за свирепо убиство само затоа што се Албанци

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Претседателот на Алијансата на Албанците, Зијадин Села во вечерашното интервју на ТВ 24 рече дека и денес се монтираат судски случаи за Албанците. Како пример за тоа го посочи убиството на младиот Саздовски.

-Една третина од населението не може да се третира како малцинство. Оваа една третина има капацитети да гради мир, да придонесе за да се развие оваа држава, плаќа даноци, и носи дотации од дијаспората. Албанците знаат да даваат можности, тоа го нарпавија во 2016 со Заев, кој викаше нема правда, нема мир. Дека ќе се решат сите монитрани политички процеси, и денеска Албанците се соочуваат со монтирани случаи. За случајот со Саздовски, кога двајца млади Албанци, случајно, несакајќи го нападнаа физички починатиот, само затоа што беа Албанци делото беше оквалификувано како свирепо убиство. Правдата се дели по етничка и по партиска линија и тоа се гледа по овој случај, смета Села.

За потсетување, Кривичниот суд ги осуди Бесир Беља и Скендер Демири на 19 години затвор за убиство на 20-годишниот Никола Саздовски – Саздо. Третообвинетиот Јетон Љужа е во бегство и е недостапен за надлежните органи. Осудените треба да им исплатат и парична отштета за душевна болка на членовите на семејството на Саздовски.

Според Кривичниот суд, обвинетите кои дејствувале заедно се виновни затоа што на свиреп начин го лишиле од живот Никола Саздовски. Свирепиот начин на лишување од живот го истакна и Обвинителството во обвинителниот акт кој го поднесе во месец септември минатата година.

„На обвинетите им се става на товар дека заеднички и на свиреп начин го лишиле од живот оштетениот Никола Саздовски. Од ударите оштетениот се здобил со тешки телесни повреди со конкретна опасност по животот и западнал во коматозна состојба. Тој бил пренесен во ургентниот центар при Клиничкиот центар ‘Мајка Тереза’. Истиот ден бил пренесен во Јавната здравствена установа Универзитетска клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар – Скопје, Одделение за анестезија и реанимација, каде на 3 јули 2018 година била констатирана мозочна смрт. Како резултат на здобиените повреди, на 9 јули 2018 година оштетениот починал“, беше наведено во обвинителниот акт.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.