Сведоштвата на социјалните мрежи се стравични и одат дотаму дека сопружниците ги искористуваат децата за пари па дури и барале донации за да им купат пелени.

Објавил: Катерина Крстиќ | 31 октомври, 2019 11:26

Шокантни сведоштва за семејството чие дете беше одземено откако таткото го тепаше

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Откако вчера цела Македонија се крена на нозе по објавена снимка на која маж тепа дете на кое му бил очув. Реагирал Центарот за социјални работи во Свети Николе. Семејството има 2 деца, а мажот е очув на едното, а татко на другото.

– Во врска со случајот со видеото што се ширеше на социјалните мрежи ве информираме дека Центарот за социјални работи во Свети Николе веднаш постапи по случајот. Врз основа на сознанија за груба злоупотреба и занемарување на децата од страна на родителите, а во најдобар интерес на децата, Центарот за социјални работи Свети Николе донесе решение со кое привремено им ги одзеде двете деца на семејството – потврдија од Минитерството за труд и социјална политика, објавува Досие.мк

Институциите реагираа по вчерашната објавена снимка на која маж тепа дете.

Сведоштвата на социјалните мрежи се стравични и одат дотаму дека сопружниците ги искористуваат децата за пари па дури и барале донации за да им купат пелени. Кога некој немало да им угоди настанувала кавга и навреди. Некои од големите хуманитарни здруженија се огласија дека ова семејство навистина има проблем оти и нивна помош злоупотребиле, пишува Досие.мк

На видеото мажот кој го тепа детето не е татко, туку очув. Со жената која седи до него и не реагира имаат уште едно дете. Таа има и претходен маж со кој неофицијално има уште едно дете.

Сега за децата ќе се грижи старател и тие ќе бидат соодветно згрижени. На несовесните родители ќе им се одземе родителското право , а а очувот има предлог за изрекување приверемени мерки за заштита од семејно насилство.

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести