Како што дознава  СВЕДОК , Аферата „Рекет“ добива нови, многу сериозни криминални димензии кои се однесуваат на скап имот на осомничениите во Империја кој завршил кај бизнис партнерот на Кичеец и кај Трајче Заев.

Објавил: Весна Петровска | 20 јули, 2019 9:08

ШОКАНТНИ СОЗНАНИЈА ЗА РЕКЕТ: Бентли и јахти завршиле кај Заеви и партнерот на Кичеец

Фото/Текст извор: ©онлајн магазин

Нова димензија во аферата „ Рекет“ во која  главни актери се Бојан Јовановси познат како Боки 13 и Зоран Милески познат како Зоран Кичеец, и поради што шефицата на СЈО си поднесе неотповиклива оставка што ОЈО истражува дали Јанева има некаква поврзаност со оваа афера.  Бојан Јовановски и Зоран Кичеец си заработија експресен притвор од 30 дена.

Како што дознава  СВЕДОК , Аферата „Рекет“ добива нови, многу сериозни криминални димензии кои се однесуваат на скап имот на осомничениите во Империја кој завршил кај бизнис партнерот на Кичеец и кај Трајче Заев.

Бојан Јовановски познат како Боки 13 заработи притвор од 30 дена

СВЕДОК од извори во истрагата дознава дека ќе се испитува и рекет платен за автомобилите и јахтите на Камчев, Панделески и Кочан кои сега ги имаат бизнис партнерот на Зоран Кичеец, Владимир Стаиќ викан Роштиљ и во семејството Заеви.

Јавната обвинителка Вилма Русковска, според информациите на Сведок, сега се очекува да ги истражи информациите, како било направено тие да се префрлат на нови сопственици и тоа: Како јахтата на Дејан Панделески-Пелситерка, сега е сопственост на Владимир Стаиќ Роштиљ, која според информации на извори во истрагата непречено плови по Јадранот.

Втората работа што ќе ја испитува истрагата е и информацијата, дали и како „Бентлито“ на Орце Камчев сега станало сопственост на Трајче Заев, близок роднина на премиерот Зоран Заев?

Русковска и обвинителството ќе мора да истражат и како „Бентлито“ на Сеат Кочан сега станало сопственост на Владимир Стаиќ Роштиљ? Ќе се истражува и како „Мерцедесот С 500“ на Орце Камчев станал сопственост на Владимир Стаиќ Роштиљ.

Повеќе прочитајте  ТУКА 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести