Анализата на поликлиниката во Милано потврди дека вирусот циркулирал во Италија пред 21 февруари, кога бил утврден првиот официјален случај во Кодоњо.

Објавил: Катерина Крстиќ | 21 мај, 2020 10:03

ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ ВО ИТАЛИЈА: Во крвта на секој 20-ти крводарител пронајдено нешто што не очекуваа!

Фото/Текст извор: ©информер.рс

Секој дваесетти дарител на крв во Милано развил антитела на„Ковид-19“ пред првиот официјален позитивен случај во Италија кон крајот на февруари, според студијата на поликлиниката во главниот град на Ломбардија.

Зачуваните примероци на крв биле користени за да се утврди присуство на антитела, не затоа што вирусот се пренесува преку крвта.

Анализата на поликлиниката во Милано потврди дека вирусот циркулирал во Италија пред 21 февруари, кога бил утврден првиот официјален случај во Кодоњо.

Студијата, во која беа вклучени 800 крводарители, објавена на веб-страницата medRxiv, укажува на тоа дека на почетокот на епидемијата, 4,6 проценти од дарителите на крв веќе имале антитела на вирусот „Ковид-19“, а тој процент се искачил на 7,1 процент на почетокот на април. 

Студијата е дизајнирана и спроведена од експерти од Одделот за трансфузија на поликлиниката во Милано во соработка со Универзитетот во Милано и неколку други истражувачи од здравствени установи во главниот град на Ломбардија, најтешко погодениот регион од вирусот „Ковид-19“ во Италија.

Зачуваните примероци на крв биле користени за да се утврди присуство на антитела, не затоа што вирусот се пренесува преку крвта.

Истражувањето открило дека први што се заразиле главно биле млади луѓе и дека најголемиот број на случаи биле поврзани со постарите лица.

Со повеќе од 32.000 смртни случаи од ефектите на вирусот „Ковид-19“ од почетокот на кризата, Италија е трета во светот по бројот на жртви, по Соединетите држави и Велика Британија.

Вирусот „Ковид-19“ ја предизвика најдолгата блокада во Италија, од каде, по повеќе од два месеци, земјата постепено излегува, соочувајќи се со сериозни економски последици.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.