"Резултатот е да не го правиме тоа што е неопходно за да спречиме овој натпревар да излезе од контрола", додал експертот. Биби, кој работел и како советник на потпретседателот на САД Ричард Чејни, за Русија, Евроазија и разузнавчките прашања овој месец ја објавил книгата "Руска замка: како нашата војна од сенка од Русија може да резултира со нуклеарна катастрофа".

Објавил: Весна Петровска | 25 септември, 2019 10:09

ШОК АНАЛИЗА ОД АНАЛИТИЧАРИТЕ НА ЦИА: Се е како пред ПРВАТА СВЕТСКА ВОЈНА, правила нема – прашање е КОЈ ПРВ ЌЕ УДРИ!

Фото/Текст извор: ©онлајн магзин

Американско-руските односи се дојдени до опасна граница, кога станува се потешко да се спречат потенцијални конфликти, така што за двете земји е неопходно да воспостават канали за комуникација, смета потпретседателот на вашингтонскиот Центар за национален интерес и поранешен главен аналитичар на ЦИА за Русија, Џорџ Биби.

Иако извештајот на специјалниот обвинител Роберт Милер за “рускиот случај” ги отстранил сомнежите за “заговор на Трамп со Москва”, во САД, вели Биби, и натаму веруваат дека Русија се обидува да ја поткопа американската демократија и генерално на секој начин да и нанесе штета на Америка.

“Тоа е многу опасно и точка. Идејата дека САД се соочиле со ризикот, кој го загрозува не само нивното постоење, значително го отежнува управувањето со кризата. Станува се потешко да се воспостават канали за комуникација, кои се потребни за управување со кризата и спречување на судири”, предупредува Биби.

Како што истакнал, тоа со оглед на состојбата на ривалитет во кој се наоѓаме не им дозволува на американските експерти и политичари да се заложуваат за мерки кои би овозможиле да управуваат со односите и да ја отстранат опасноста.

“Резултатот е да не го правиме тоа што е неопходно за да спречиме овој натпревар да излезе од контрола”, додал експертот. Биби, кој работел и како советник на потпретседателот на САД Ричард Чејни, за Русија, Евроазија и разузнавчките прашања овој месец ја објавил книгата “Руска замка: како нашата војна од сенка од Русија може да резултира со нуклеарна катастрофа”.

Тој во книгата ја образложува тезата дека меѓусебните стереотипи и несогласувања може да доведат до екскалација на тензиите меѓу земјите, што повторно може да предизвика неконтролиран отворен судир.

“Мораме да разговараме едни со други и мора да постои комуникација. Дури и за време на Студената војна имаше повеќе комуникација меѓу Вашингтон и Москва отколку денес. Во САД постојат закони кои не дозволуваат одреден вид на комуникации, како на пример, меѓу нашите војски. И политичарите имаат сомнежи кога станува збор за комуникацијата со руските службеници. Тие се загрижени дека со тоа ризикуваат да бидат обвинети за предавство или дека ја оправдуваат Русија. Тоа не ни дозволува да воспоставиме комуникација која е неопходна за управување на нашите односи”, смета Биби.

Според мислењето на овој експерт, потребно е да се воспостават нови правила на игра, бидејќи и за време на Студената војна такви правила постоеле.

“Правилата не беа смислени за да станеме пријатели. Нивната цел беше да обезбедиме дека од ривали нема да бидеме непријатели, кои се борат во вистинска војна. Повеќето од тие правила денес ги нема, а тие што останаа не се замислени така да одговараат на новите услови и новите технологии на вооружување со кои се соочуваме”, објаснува експертот.

Тој нагласува дека новите технологии бараат поразличен пристап од постоечките системи за стратешка стабилност. На пример, се појавиле тактички ракети, кои може да имаат стратешка примена и тие се важни речиси како што своевремено било важно и нуклеарното вооружување.

“Имаме нови хиперзвучни средства, кои е многу тешко да се откријат и пресретнат и кои го скратуваат времето за донесување на одлука по предупредувањето. Вештачката интелигенција и противсателитските системи ги зголемуваат заканите. А би рекол дека во нашиот сајбер свет имаме клучни технологии чија логика е поинаква во однос на логиката на старата атмосфера на одвраќање. Мораме да пронајдеме начин за воспоставување на стратешка стабилност во новата ситуација”, смета Биби.

Како што констатирал, уште не е јасно како да се направи тоа, бидејќи двете земји не разговараат за тоа. “Сметам дека сите тие области бараат нови правила на игра. Нешто од тоа би требало да се направи на билатерална основа меѓу Москва и Вашингтон, а нешто на мултилатерална основа со учество на голем број на преговарачи и играчи”, смета Биби.

Според неговите зборови, постепеното воспоставување на дијалог по принцот на “од доле нагоре” не успеало во минатото, а во одреден момент сепак е неопходна комуникација на ниво на раководоството на земјите. Биби признал дека моменталната политичка логика, која ја наложува американското раководство да се воздржува од преговори со Русија, е спротивна на дијалогот кој е неопходен за да се намали ризикот од судири.

Во својата книга експертот опишува, според неговото мислење, слична ситуација пред Првата светска војна. Како што пишува Биби, тогаш катастрофата ја предизвикале меѓусебното потценување на потенцијалниот противник, неспоивите геополитички амбиции и новите технологии кои поттикнуват прв удар и создаваат илузија на супериорност над противникот.

“Денес ширум светот постојат бројни потенцијални мотиви кои би можеле да предизвикаат слична криза. Но, ние немаме канали за комуникација, правилата на игра ги ограничуваат мерките, кои се неопходни да се носиме со тоа. Мора да се признае дека таквата ситуација е опасна. Ако го направиме тоа, тогаш мислам дека можеме да се избориме, но мора да се признае дека опасност постои”, заклучил Биби.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Анализа

Израел и Хамас 16-ти ден ги продолжуваат борбите, појасот Газа на раб на хуманитарна катастрофа. Рано утрово Израел изврши воздушни напади врз јужниот дел на Газа и најави дека ќе ги интензивира нападите на северот. Владата на политичкото крило на Хамас објави дека најмалку 55 Палестинци биле убиени во текот на ноќта.

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа

Израел е подготвен за копнената офанзива во Газа. Тел Авив ги повика жителите на Газа...

Москва повторно ја надмина Саудиска Арабија како главен снабдувач на нафта во Кина. Блискоисточната земја извезла 60,1 милиони тони во вредност од 36,49 милијарди долари во наведениот период, а Ирак е на третото место, снабдувајќи 40,3 милиони тони во вредност од 23,04 милијарди долари.

Извозот на сурова нафта во Кина во август се зголеми за 30,7 проценти во споредба со јули и порасна за 42,7 отсто во однос на вредноста, достигнувајќи 5,8 милијарди долари.

Во 2022 година Кина го зголеми купувањето на руска нафта за 8,2 проценти и тоа достигна 86,2 милиони тони. Цената на суровата нафта увезена од Русија се зголеми за околу 43,9 отсто, што изнесува 58,37 милијарди долари.

Кина купува повеќе руска нафта откако традиционалните западни купувачи ја избегнуваа како дел од санкциите поврзани со војната во Украина. По минатогодишното ембарго на Г7 и ограничувањето на цената на руската нафта, Москва активно ги пренасочува своите нафтени текови кон Азија.

Кина го зголеми увозот на сурова нафта од Русија за 25 отсто годинава

Цените на нафтата достигнаа ново највисоко ниво од ноември, при што барел брент во...

Вучиќ рече дека вчерашната рунда дијалог во Брисел завршила неуспешно, бидејќи Приштина не го прифатила компромисниот предлог на ЕУ на патот кон нормализација на односите!

САД разочарани од неуспехот на дијалогот меѓу Белград и Приштина

САД изразија разочарување што не беше постигнат напредок во последната рунда од дијалогот...

Во Загреб цена на метар квадратен нов стан во првата половина од годината изнесува 2.623 евра, а просечната плата во Загреб е 1.303 евра.

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска 2.200 евра

Просечната цена на метар квадратен нов стан во Хрватска во првата половина од годинава...