вторник, 23 април 2024

MK/ EN/ DE



Несреќата се случила кога полицаец на мотоцикл од безбедносната придружба на војводата и војвотката од Кембриџ, удрил во жената, која веднаш била пренесена во болница.

Објавил: Катерина Крстиќ | 19 јуни, 2019 11:37

Шок во кралската палата: Полициската придружба на Кејт и Вилијам прегази жена (ФОТО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Осумдесет и тригодишна жена е прегазена од придружната полиција на војвотката Кејт и принцот Вилијам на патот од Лондон кон Виндзор.

Еден од полицајците кои ги придружуваат Кејт и Вилијам удрил жена расчистувајќи го сообраќајот…

Несреќата се случила кога полицаец на мотоцикл од безбедносната придружба на војводата и војвотката од Кембриџ, удрил во жената, која веднаш била пренесена во болница.

Несреќата се случила дента кога Вилијам и Кејт Мидлтон патувале од Лондон кон Виндзор.

Според досегашните информации полицаецот бил пред поворката и имал задолжение да го расчисти сообраќајот. За несреќа тој удрил во 83 годишната старица која веднаш била префрлена во болница. Според информациите од таму жената се наоѓа во сериозна, но стабилна состојба.

83 годишната жена веднаш била пренесена во болница

Од Кенсингтонската палата соопштија дека кралската двојка „е длабоко загрижена“. Од таму велат дека Кејт и Вилијам се  во контакт со жената.

Инаку според информациите од тамошната полиција, станува збор за жена по име Ајрин, која била повредена на улицата Апер Ричмонд Роуд во северозападен Лондон.

Веднаш по несреќата, Кејт и Вилијам наводно ѝ испратиле букет цвеќиња со желби за побрзо закрепнување. Лондонската полиција отвори истрага за несреќата.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.