Дајте да ставиме крај на корупција, на криминал, на политики кои провидно продаваат покрај, нас, а ние молчиме

Објавил: Македонка Димкин | 15 ноември, 2020 8:28

ШОК ЗА ЗАЕВ: За Џеват Исени од СДСМ Северна не постои, само МАКЕДОНИЈА!

Фото/Текст извор: ©Фесјбук

Директор на ЈП за Стамбен Простор, член на СДСМ Џеват Исени со моќна порака на Фејсбук:Моите изјави последниве денови предизвикаа лавина од коментари на искрени и чесни граѓани на Македонија.

Сакам да им оддадам огромна благодарност на сите мои чесни и искрени другари, сограѓани на нашата држава која е единствена во нашиве искрени срца и во нашата крв. МАКЕДОНИЈА 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰 На неколку коментари се соочував со прашања од типот дали ова што го мислам е вистината.

Голема благодарност до целокупната маса на граѓани која ме поддржа а исто така и голема почит и респект до порталите кои ја пренесоа мојата објава без моја интервенција.
Има и од тие кои се сомневаа во објавата дека е политичка игра, но би сакал да бидам јасен и дециден:
Да, јас сум Албанец, но Албанец од Македонија, и секогаш ке го почитувам гласот на народот а не гласот на одредени политички лидери кои си ги бранат интересите на своите партии.
Македонија била ,сеуште е и ќе ја има, уште појака, поуспешна и перспективна.
🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰
Со сета почит на секој кој чувствува дека е државјанин на Македонија .

Одговор имам и тоа е ДА. Толку големо колку што е Македонија, и толку искрено што би кажал повторно најискрено. Би сакал да потенцирам дека мене воопшто не ми е битна ниту партија, ниту функција, битна ми е Македонија и граѓаните на Македонија. Во овој момент Владата која ја водат мислите дека ја водат Македонци, или лидери кои помеѓу себе се крчмат, и тоа оној малку имот што ни остана.

Разбуди се Македонијо, разбуди се Македонски народе, без разлика на етничка, верска и национална припадност, па ниту партиска обоеност. Додека двете македонски партии помеѓу себе вадат очи, трета товари товар со мали пиуни од ЕУ. Или си Македонија или не си, втора опција нема. Народов наш златен и напатен е свесен што ни се случува, и секојдневно живее во голгота на сиромаштија, не само во време на пандемија, туку и во сиромаштија која ја живее многу години.

Дајте да ставиме крај на корупција, на криминал, на политики кои провидно продаваат покрај, нас, а ние молчиме. Но, од сега нема молчење. Македонија е вечна и света татковина 🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Ејјјј до кога и до каде вака 62 пратеници Само двајца се клучни едниот вика еден ден ке излезам другиот вика другиот ден. А народов во без излез.

По  објавата на Каракачанов на бугарските медиуми дека сме ја разбрале сериозноста на Бугарија дека е децидна на нивните барања , но заборави дека и Македонија е држава со своја историја, со свој МАКЕДОНСКИ НАРОД и своја кауза.

Лидерите се за да водат политика но народот на Македонија е за да одлучи.
Почитуван Каракачанов
без разлика на верска ,национална припадност кога се работи за интересите на мојата држава и ние ги ставаме црвените линии. Зборуваме македонски , пишуваме македонски , ја имаме азбуката на македонски и сме спремни да ги браниме интересите на нашата држава. Да ве потсетам како е симболот на мојата држава Македонија

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести