Иако неговиот прадедо Јусуф, постанал муслиман никогаш не доби потврда од верската управа.

Објавил: Рејхан Бајрами | 12 април, 2019 21:16

ШОК ЗА КОСОВСКАТА ЈАВНОСТ: Прадедото на Хашим Тачи бил србин?

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Православниот свештеник Радослав Даниловиќ, кој во почетокот на 20-от век преминал во ислам и го променил името Јусуф, е прадедо на премиерот на Косово Хашим Тачи.

Како што пишува espreso документот кои ја докажува поврзаноста на Хашим Тачи и неговиот прадедо Јусуф се чува во библиотеката во манастирот Хиландер, а датира од 1898 година од манастирот Соколица.

Кога преминал во исламот, покрај жената со која живеел, Јусуф Тачи се оженил со Арнауткиња од некое село. Неговата прва жена починала на породувањето заедно со нејзиното дете. Додека пак со другата жена Арнауткињата, го добива дедото на Хашим Тачи и уште четири деца.

Иако Јусуф постанал муслиман, никогаш не доби потврда од верската управа.

Хашим Тачи (24 април 1968) — косовски политичар кој ја извршува функцијата претседател на Косово од 7 април 2016 година. Претходно бил премиер на Косово во периодот 2008–2014, а потоа и министер за надворешни работи и вицепремиер во владата на премиерот Иса Мустафа (2014–2016). Тачи бил претседател на Демократската партија на Косово од нејзиното основање во 1999 до 2016, кога бил избран за шеф на државата. Тој бил познат и како политички водач на Ослободителна војска на Косово (ОВК), паравоена организација која учествувала во Косовската војна.

Хашим Тачи е роден на 24 април 1968 во Србица, денешно Косово. Србица се наоѓа близу Дреница, место каде била основана Ослободителна војска на Косово (ОВК) во раните 1990-ти. Тачи студирал историја и филозофија на универзитетот во Приштина, а во 1993 живеел во Швајцарија каде се приклучил на политичките групи на албанската емиграција. Запишал постдипломски студии на универзитетот во Цирих, но не ги завршил.

Истата година се приклучил во ОВК, каде имал улога да обезбеди оружје и парични средства, како и да обучи и префрли нови регрути од Албанија на Косово. На 17 јули 1997 во Приштина на Тачи во отсуство му се судело за тероризам поради активностите во ОВК, и бил осуден на затворска казна од 10 години.

Во март 1999 Тачи бил на мировни преговори во Рамбује како водач на косовските Албанци. За него било прифатливо Косово да има автономија во рамките на Србија, додека неговите соборци не сакале да прифатат ништо освен независност на Косово. Потоа Тачи како водач на најсилната политичка фракција на ОВК формирал влада на Косово, чиј премиер бил токму тој (1999–2000). Според одредени извори, Тачи наредил убиство на водачите на помалите ривалски фракции од ОВК.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.