На оваа одлука, адвокатите на Ѓоковиќ веќе подготвиле жалба. Тие се надеваат дека ќе издејствуваат целата процедура да се одвива по скратена постапка, односно дека целиот процес би завршил до недела, што би значело дека во случај Ѓоковиќ повторно да го добие спорот, би можел да игра на Австралија опен.

Објавил: Мирко Бачиќ | 14 јануари, 2022 12:11

Шок за Ѓоковиќ, по втор пат му ја укинаа визата – му прети депортација

Фото/Текст извор: ©магазин

Австралија по вторпат му ја укина визата на Новак Ѓоковиќ, кој сега се соочува со депортација. Тој уште еднаш ќе може да го предизвика ова на суд, во обид да остане во земјата и игра на Отвореното првенство на Австралија, кое почнува в понеделник.

„Денеска ги искористив моите овластувања да ја укинам визата на Новак Ѓоковиќ, што е во здравствен и јавен интерес на земјата. Владата на Скот Морисон е силно посветена кон заштитата на границите на Австралија, особено во врска со пандемијата на ковид-19“, се вели во изјавата на министерот за имиграција Алекс Хок.

На оваа одлука, адвокатите на Ѓоковиќ веќе подготвиле жалба.

Тие се надеваат дека ќе издејствуваат целата процедура да се одвива по скратена постапка, односно дека целиот процес би завршил до недела, што би значело дека во случај Ѓоковиќ повторно да го добие спорот, би можел да игра на Австралија опен.

Од друга страна, експертот за имиграциски прашања, Абул Ризви, рекол дека не е чудно што министерот чекал толку долго за да ја донесе одлуката. Од овој потег тој извлекол два заклучока.

„Прво, дека ова е многу комплексно правно прашање. Второ, мислам дека Владата е загрижена од можноста дека господинот Ѓоковиќ ќе се жали и дека повторно ќе има судски процес. Загрижени се бидејќи е голема веројатноста повторно судот да пресуди против нив“, рекол Ризви.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.