Јелена Карлеуша се појави на снимањето на Звездите на Гранд во потполно друго модно издание.

Објавил: admin@magazin | 1 април, 2019 16:29

ШОК: Карлеуша со реперска фризура ја шокира српската јавност !

Фото/Текст извор: ©онлине магазин

Jелена Карлеуша се појави на снимањето на „Звездите на Гранд„ во потполно друг стајлинг и тоа во спортски зелени патики со откачена фризура како репер.

Јелена Карлеуша денеска се појави на снимањето на Звездите на Гранд во потполно друго модно издание.

Поп звездата ја промени својата фризура, а на себе имаше зелена маица и панталони, а од автомобилот како и последните три месеци излезе без никаков коментар.

Јелена Карлеуша освен што не излегуваше никаде, Јелена сите работни обврски ги одложи, па се до пред неколку денови не се појавуваше на снимањата на Ѕвездите на Гранд.

После смртта од нејзината мајка Јелена реши лавоски да се бори и да се врати на јавната сцена, но и социјалните мрежи.
На првото снимање предизвика вистински хаос со својата појава, а денeска се појави во потполно друго издание и со тоа и приреди шок на српската јавна сцена.

Карлеуша постави фотографија на која доаѓа на снимање, со што испрати порака дека таа е силна жена и покрај својата болка и страдање.

Дивна Карлеуша почина на 3 март, а нејзината ќерка Јелена Карлеуша најмногу ја погоди оваа трагична вест.

Најголемата поддршка на Јелена била токму нејзината мајка Дивна, а оној ден кога слушна за тажната вест, пејачката се повлече од медиумите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.