Тој се сомнева дека причина е серијата текстови во коишто на сатиричен начин ја критикува актуелната владејачка гарнитура, а вклучително и премиерот Зоран Заев.

Објавил: Перо Милчин | 22 ноември, 2019 22:26

ШОК: Разрешен Зоран Димитровски Жоро од местото одговорен уредник во „Фокус“

Фото/Текст извор: ©плус инфо

Долгогодишниот новинар и уредник на повеќе дневни весници, Зоран Димитровски Жоро, од петокот веќе не е одговорен уредник на неделникот „Фокус“. Тој е разрешен без никакво образложение од позицијата.

Тој се сомнева дека причина е серијата текстови во коишто на сатиричен начин ја критикува актуелната владејачка гарнитура, а вклучително и премиерот Зоран Заев.

Имено, Димитровски пред извесно време бил опоменат дека ваквите текстови пишувани на дијалект биле „неприфатливи и под нивото“ на „Фокус“.
Димитровски, пак, потсетува дека такви критички написи објавувал и во периодот на владеењето на поранешниот премиер Никола Груевски. Очигледно дека тогаш тоа не му пречело на уредништвото на неделникот.

Зоран Димитровски Жоро со своите анализи и опсервации на домашната политичка сцена е присутен речиси три децении, од поранешниот младински неделник Млад борец, а во неделникот „Фокус“ е од самите негови зачетоци.

Своевремено беше главен и одговорен уредник на дневните весници Вечер, Дневник, Нова Македонија, за подоцна да се врати и да го води повторно „Фокус“.

На последното изборно собрание на Здружението на новинари на Македонија беше избран за член на управниот одбор на еснафското здружение.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.