Полицајците го фатиле при спроведување на акциска контрола на МВР.

Објавил: Рејхан Бајрами | 1 февруари, 2021 18:38

Шофер или шериф – на патарина без пари!?

Фото/Текст извор: ©а1он

Перпарим Бајрами, шеф на кабинет на вицепремиерот Артан Груби, бил фатен како ја поминува патарината кај Миладиновци без да плати, со нелегално поставени флешери, дознава „А1он“.

Според изворите на порталот, тој бил затекнат вчера и е еден од 32 лица за кои МВР објави дека биле санкционирани поради злоупотреби при наплата на патарината.

Полицајците го фатиле при спроведување на акциска контрола на МВР.

Неофицијално Бајрами бил со службено возило на кои биле поставени флешерите. Автомобилот бил сопственост на новото Министерство за политички систем и односи меѓу заедниците. Незаконското поставување флешери се казнува прекршочно.

Kористењето на уреди за давање на посебни светлосни и звучни знаци (флешери) смеат да се вградуваат и употребуваат само на возилата со кои полицијата или воената полиција вршат придружба. Вакви уреди може да се вградуваат и употребуват и на возила определени со акт на Владата како и на возилата со право на првенство на минување.

Дополнително, флешери може да се вградат и во службените возила што ги користат претставници на Јавното обвинителство заради вршење увид, за обележаните службени возила на припадниците на Управата за финансиска полиција и со закон овластени лица на Царинската управа кои работат на откривање на кривични дела и возилата на Министерството за правда со кои се превезуваат лица обвинети или осудени за извршени кривични дела.

Инаку, МВР фати и шест полициски службеници кои ја поминале наплатната станица без да платат, со злоупотреба на флешери и службена легитимација. И против нив покрај изречената глоба, ќе бидат преземени мерки и од страна на Одделот за внатрешна контрола.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Скандал

„Фокус“ дознава дека блиска роднина на Арсовска, уште пред да „пукне“ скандалот, со Турците преговарала за милионскиот тендер на „Водовод и канализација“, објавува весникот.

Фокус открива скандалозни тендерски контакти на близок човек на Арсовска со турски понудувач за проектот од 137 милиони евра

Во текст со наслов „МИЛИОНСКИ ТЕНДЕР” неделникот Фокус открива скандалозни информации...

Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше кавгата меѓу пратениците од власта и нивните колеги од ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса на Албанците кои сакаат да спречат да се донесе законско решение да не се парализира работата на судовите, Министерството за труд предлага продолжување на нивниот работен век до навршувањето 67 години со што би се продолжил работниот ангажман на 60 судии и 13 обвинители кои се на чекор до пензија.

(ВИДЕО) Милошоски повеќе пати удрен од Адеми, а погоден и со пластично шише вода фрлено кон него

Невиден скандал! Хаос и тензии во Собранието кои кулминираа со физичка пресметка. Ескалираше...

Овој инцидент докажува дека земјите членки на ЕУ мораат да ја заштитат и примат Македонија во своето заедништво имајќи ги предвид непријателските намери на соседните држави.

ОМД побара Рама да се извини за таканаречената шега „Иднaта Западна Бугарија“

Обединетата македонска дијаспора (ОМД) – водечки глас за Македонците надвор од Македонија...