Минатиот месец судот во Венецуела осуди двајца поранешни припадници на американската армија на по 20 години затвор.

Објавил: Мирко Бачиќ | 12 септември, 2020 12:05

ШПИОН НА ЦИА ПАДНА ВО ВЕНЕЦУЕЛА: Мадуро тврди дека поранешниот маринец носел многу пари и оружје

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро изјави дека американскиот шпион е уапсен во државата Фалсон на северозападот на земјата.

Мадуро на државната телевизија изјави дека осомничениот бил вооружен, дека со себе носел голема сума пари и дека „служел во маринците во базата на ЦИА во Ирак“, објави Би-Би-Си.

Минатиот месец судот во Венецуела осуди двајца поранешни припадници на американската армија на по 20 години затвор.

САД сè уште не ги коментираа последните тврдења на претседателот Мадуро.

Првата серија руска вакцина против коронавирусот „Спутник V” ќе пристигне во Венецуела кон крајот на овој месец за третата фаза од клиничките испитувања, најави венецуелскиот претседател Николас Мадуро.

– Во септември, пристигнуваат првите вакцини од Русија за клинички испитувања, рече Мадуро во говор емитуван на Фејсбук.

Тој додаде дека уште една серија вакцини ќе биде доставена до Венецуела во октомври годинава.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.