Директор на општата болница во Куманово од 2009 година до лани беше Љатифи, кадар на ДУИ, кој збирно направил "долг" за судски спорови во вредност од скоро 380.000 евра

Објавил: Мирко Бачиќ | 19 декември, 2018 12:45

Штипската болница плати 380.000 евра за извршители и камати

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Кумановската болница за две години платила 32.21 милиони денари или скоро 380 илјади евра како трошоци за извршување и камати за извршување од судски спорови кои против неа ги покренале доверителите.

Ова е бидејќи во изминатите години селективно биле плаќани обврските за набавените лекови, медицински и немедицински материјал и реконструкција на градежни објекти а го утврди Државниот завод за ревизија при ревизијата на финансиските извештаи за работа на болницата од 2013 до крајот на 2017 година.

Во извештајот стои дека долговите кои доспевале за набавени лекови и материјали низ годините болницата селективно ги плаќала, а не хронолошки како што доспевале и дека само на еден економски оператор по основ на неплатени обврски и камати за извршување му се платени 10.65 милиони денари.

Ненавременото плаќање на обврските доведува до судски спорови и плаќање на дополнителни трошоци за постапките и затезни камати, поради што поднесени се тужби од доверителите и исплатени се средства за камати за извршување и трошоци за извршување за период од 2015 до 2017 година во вкупен износ од 23.210.000 денари, што претставува 11.6 отсто од вкупните обврски на општата болница заклучно со 31 декември 2017 година. – стои во ревизорскиот извештај.

Од мај 2009 година до август 2017 година директор на болницата е Ариф Љатифи, односно од мај 2009 до февруари 2011 е вршител на должност директор, од февруари 2011 до април 2017 е директор, а од април до август 2017 година е вршител на должност.

Од август 2017 година досега вршител на должност директор е Снежана Захариева.

Општата болница Куманово е најголемата здравствена институција во Североисточниот регион која покрива околу 200.000 пациенти или 10 отсто од вкупната популација во Македонија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Здравство

Изрази жалење за доцнењето на овој тендер, посочувајќи дека, заедно со Здружението на дијабетичари го правеле невозможното последните неколку месеци за да може тој тендер побрзо да се објави.

Меџити: Додека сум јас министер нема да се случи да доцни тендер или јавна набавка за лекови

Јавните набавки и тендерите за лекови нема никогаш повеќе да доцнат тврди министерот...

Смената од директорската позиција после повеќе годишно директорување со клиниката тешко му падна на др. Јовев па организираше и протести пред клиниката со негови пациенти а и не го штедеше со навреди новопоставениот директор др.Марјан Шокаровски.

Др.Јовев за „Фокус“: Не е точно дека сум нападнал некој, мене ме нападнаа, имам повреда на окото и од стрес лежам на Кардиологија

Од министерството за внатрешни работи денеска излегоа со соопштение дека од Клиниката...

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија Нехат Нухи, призна на јавноста дека мајка му била лекувана на Клиниката за онкологија и дека има медицинска историја таму, иако истакна дека не се лекувала од рак.

Според Нухи, овој третман бил дозволен од тогашниот медицински директор доктор Нино Васев.

– Беше период на ковид, а кога се работи за мајка, секој човек бара решение како побрзо да се третира. Со дозвола на медицинскиот директор, ни овозможија да се лекува. Но, не се лекуваше од рак. Беше период на ковид и другите клиники функционираа како ковид центри и затоа се лекуваше во нашата клиника, рече Нухи.

Без потврден канцер, мајката на економскиот директор на Онкологија се лекувала на клиниката

Во интервју за ТВ „Клан“, поранешниот економски директор на Клиниката за онкологија...

Кога отидов во Виена, лекарот ми рече ништо од вашата држава од вашите цитостатици, не требало од овие цитостатици, сакам да го оперирам момчето. Јас и тогаш зборев по сите телевизии, никој не ми даде поддршка сите ме правеа луда – рече ожалостената мајка.

(ВИДЕО) Мајка се онесвести од плачење: „Загубив млад син, му ја згрешија терапијата во приватна клиника“

Мајка која раскажуваше за својата голгота со синот кој го загубила од рак на бели дробови,...