Бугарскиот пратеник со тешки зборови против Гордана Силјановска

Објавил: Узунов Бобан | 22 март, 2019 10:16

Штом Андреј Ковачев ја критикува Гордана Силјановска за историјата, на вистински пат е да ги добие изборите !

Фото/Текст извор: ©магазин

Во рамките на Политичката собрание на ЕПП во Брисел претседателкиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова остварила средна со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев кој објави на неговиот фејсбук профил дека тој и неговата партија нема да дадат поддршка за Силјановска бидејќи имала негативен однос кон Бугарија и различен став за историјата. 

“Нашите западни соседи (Македонија н.з.) создаваат национална доктрина во целост на сметка на историската вистина. Бугарската страна не може да го признае апсурдното тврдење на Скопје дека сегашните граѓани на Република Македонија отсекогаш биле ‘етнички Mакедонци’ и ништо друго-изјава на Ковачев од 2013 година каде ја негира македонската нација. 

Д-р Андреј Ковачев (бугарски: Андреј Ковачев) (роден на 13 декември 1967 година во Софија), е бугарски политичар, член на Европскиот парламент, федералист и шеф на бугарската делегација во групата ЕПП во Европскиот парламент. Д-р Андреј Ковачев е претседател на Сојузот на европските федералисти во Бугарија. Од 2011 година, исто така, е и негов заменик-претседател. Во јануари 2012 година беше избран за потпретседател на AFET – Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Ковачев важи за бугарски националист кој често пати преку изјави ја негира посебноста и самостојноста на македонската нација. 

Ваквите изјави на Андреј Ковачев каде ја негира македонската нација само потврдуваат дека професорката Силјановска е на правата страна на историјата !

Денес во рамките на Политичката собрание на ЕПП во Брисел се сретнав со кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на Република Северна Македонија, г-ѓа Гордана Силјановска – Давкова. За жал, г-ѓа Гордана Силјановска – Давкова сподели со мене дека има многу забелешки во однос на договорот со Бугарија и има различно мислење во однос на историјата. Искрено жалам што негативниот однос кон Бугарија, наследен од времето комунистичка Југославија и зајакнат во времето на Никола Груевски, сѐ уште доминира во главите на многу луѓе во Македонија. Поддршката за договорот со Бугарија, прифаќањето на нашата заедничка историја и запирање на говорот на омраза против Бугарија се строго основен минимум на кој треба да одговори секој во Македонија, кој сака и очекува нашата поддршка и пријателство. Ова е за мене и за партијата ГЕРБ, претставува тешкотија да го поддржиме овој кандидат!-напиша Ковачев на фејсбук. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести