Ние за тоа време, натоварени како говеда во камионот позади, уживаме. Кој ти дава таква милина, ем се возиш кон Европа, ем друг му ја мисли за тебе.

Објавил: Катерина Крстиќ | 11 ноември, 2019 10:21

Што да ти кажам, си знаеш и сам

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На прав пат сме. Дефинитивно. Се возиме турбо и на поверење, на слепо. Што има врска и така еднаш се умира, сега или попосле, сеедно. Државата вози без кочници кои се сувишен трошок бидејќи се знае дека патот до Европа е тој. Прав. Позади ја влечеме приколицата Албанија бидејќи од Брисел ни порачаа дека без неа ич да не тргаме. И така, возиме, занесува приколицата ама ние тераме на право.

По пат слушаме: дете од кафана добива тендер од 35 милиона евра да ја снабди стручно медицината наша со реагенси и да ги наполни сметките на Фамилијата. Детето со име Жути пак добива тендер, овојпат со ќар од 72 милиони евра, ќе не снабди со два хеликоптери за медицински и други потреби. Знае се, од реагенси за лаборатории до хеликоптери. Единствнено што не смее да знае тоа се бизниси со ископи во РЕК Битола, енергетика, маркици за нови згради, марихиуана му е забранета тема… тоа смеат да го знаат само Анѓушев и Фамилијата Заеви. Па друже, и на прав пат секој мора да се држи до својот правец, до својата територија.

Нова колумна на Латас, за Весник.мк

Ние за тоа време, натоварени како говеда во камионот позади, уживаме. Кој ти дава таква милина, ем се возиш кон Европа, ем друг му ја мисли за тебе.

А на нив не им е лесно. Еве, пред некој ден слушам, седнати во кафана од четири попладне до полноќ мака мачеле од Фамилијата со Роштиљ, Сале Пичка и пар други стручни ликови од еснафот како да ги поделат бизнисите а сите да бидат задоволни. На правиот пат до Европа не смее да има поделби, не смее да има мрчење и прашања, Европа е наша религија.

Стручноста на тој пат се подразбира. Како затегнати пушки дома чекаат околу 900 Албанци вработени во државната администрација конечно, после три години, да добијат работни обврски, биро, службен телефон и се што следи и да седнат да ја опраат државава. Вака веќе не оди.

А дека се стручни се знае, затоа и ги плаќа државава три години без да имаат ден работа, затоа што верува во нив и нивните потенцијали. Како што верува дека лекар може да биде министер за култура, а борач да биде заменик директор на финансиска полиција. Важно е да е Албанец, тоа по генетика им дава предност над Македонците кои не знаат ништо додека Албанецот не ги научи. Како што рече Ѕинго еднаш од говорница во Собрание, доволна квалификација е да има кршетница, извод од родени, како доказ дека постои. После, и потоа, се е лесно.

И од тие соображенија сосема го разбирам Заев кога вика дека ние не се согласуваме да добиеме членство во Европската економска заедница, ќе си чекаме членство во Европската унија наредни 15 години, а тоа со економијата не ни е потребно. И така е, во право е човекот.  Што би правеле Анѓушев, Вицето, Сале Пичка, Жути, Шилегов, Асмир, Роштиљ и компанија во Европската економска заедница? Да млатат време и губат раат бизниси со некој си таму неписмени од Германија, Холандија или Чешка. Они појма немаат, само ремет праат.

До толку се неписмени европјаниве што никогаш нема да разберат колку е добро за државата што Пуцко Петрол на Асмир Јахоски од Пласница и Супертрејд на Роштиљ од друштвото на Фамилијата до летоска добиле сто тендери за државна нафта, а Макпетрол и Лукоил заедно добиле 65. Лани Пуцко Петрол сами добиле 300 тендери за продажба на нафта на државата. Треба да имаме нови сили, нови лица, доста веќе со Лукоил и Макпетрол, и веќе преку таквото од нивната стручност и традиција. Така е решено во кафаната, на ручече со новите нафташи кои заедно со нивните десет пумпи се наша нова бизнис елита. Плус, по комотно е да се договориш со нив. Газди со газда лесно се разбира.

И затоа стварно ме нервираат овие по порталиве што се бунат дека Нина Групер е избрана за министер за финансии наместо оној тупаџијата Тевдовски што продава некаква социјалдемократска политика и идеологија. Друже Данска, такво нешто не постои. Сосема е логично сервис на нашата бизнис елита составена од Вице, Роштиљ, Шилегов, Сале Пичка, Асмир од Пуцко Петрол… да биде некој од стопанството со фати-пушти бизниси и тезгарење со купони за попуст него некој со децении пракса и тешки дипломи, тој нема кликер и акал да ги разбере современите трендови.

И тера Македонија по прав пат. Говедата од сандучарот се тркалаат од позади додека елитата на чело со друже Зоки вози во седма брзина. Имаат они искуство, па толку мечки, беемвиња, аудиња и јагуари возат што знаат како треба со воланот. Тоа што Македонија на патот до Европа вози без кочници и план, нема везе, и онака еднаш се умира.

Цела Европа им се воодушевува само Макрон нешто тупи и ја кочи работата, а ги кочи и бизнисте што на нив особено тешко им паѓа. Ќе пробаат они со домашна пракса, засега неможат да му лупнат две обвиненија затоа ќе дигнат телефон и ќе нарачаат плукање по Макрон од приватните им новинари, ама проблем е што Макрон не знае да чита ќирилица и не ги разбира пораките.

А да беше писмен Макрон ќе прочиташе што му пишува нивниот Саше Политико: ѓубре едно, откако не закопа и рече дека никогаш нема да влеземе во ЕУ Макрон сам си се покани да ни дошол на гости, мисли ќе го дочекаме како Абориџани, со венци од цвеќе и голи газови!… му напиша храбро и одважно Саше Политико на Макрон, и го стресе до толку што Французов ја откажа посетата на Македонија. За награда, Роштиљ и Асмир му пукнаа нови реклами на порталот на Саше. Да се знае дека е во функција на патот кон Европа. Борјан Јовановски побара и оставка од Макрон, ама он е веќе преплатен од порано. 

ДУИ нема проблеми како Фамилијата. Тие се од старата школа, етаблирана и со добра финансиска база стекната во минативе дваесет години. Они се возат малку напред, со Фамилијата, малку назад во приколката Албанија и, по пат, ќе чепнат нешто од Косово. Затоа се влезени во повиско ниво, езотерија, па нивниот Бујар Османи ќе каже: каква и да е одлуката од Европската унија, сонцето за нас секогаш ќе изгрева на Запад. Бујар Османи ја дефинира состојбата на Македонија во една реченица: халуцинации од несоница со сонцето што изгрева на Запад и, нормално, заоѓа на запад, што значи дека сме без сон и стоиме во место.

И сега, таман тргна работата, европјаниве бараат нови избори. Само ремет праат. Нашите избори се во април а, еве една ексклузива за нашата и српска јавност, избори до крај на март ќе има и во Србија. Значи, во скоро исто време токмат нова, стабилна власт која ќе ги решава плановите за влез во Европската економска заедница, малиот Шенген за нас, и статусот на Косово.

Затоа им се брза на Фамилијата, Шилегов, Асмир, Анѓушев, Роштиљ, Жути, Сале Пичка… Шилегов плаќа милион евра за автобус на пареа, ја продава Градската куќа а ќе купува канцеларии во зградата на Технометал Вардар која нема паркинг. Рашковски купува хеликоптери со Жути кој како ортак на државата вложува 10.000 евра во бинзис од 72 милиони евра. Не му сметало на Рашковски што фирмата на Жути е основана само три недели пред тендерот, што има везе, фирма си е фирма, важно е дали ќе го исплати рушветот, а за другото ќе научат со време.

Картата за влез во камионот на Фамилијата кој е на прав пат до Европа е бесплатна, ама симнувањето од него се наплаќа. Ги возат без кочници, им се врти во глава, ги боли секоја коска, страв им е. Кој останал во него нека му мисли.

Драган Павловиќ Латас

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...