Идолизацијата е негативен феномен и придонесува – нештата, карактерите и луѓето да ги посматраме и вреднуваме подобри од тоа што се, или полоши од реалното.

Објавил: Македонка Димкин | 23 јануари, 2020 16:17

Што со државата во која партиските лидери им се идоли на младите?

Фото/Текст извор: ©магазин

Идолизацијата е негативен феномен и придонесува – нештата, карактерите и луѓето да ги посматраме и вреднуваме подобри од тоа што се, или полоши од реалното. Дури и најдогматичните сфери од човечката духовност, како што се монотеистичките религии, забрануваат создавање на идоли.

Во нововековната филозофија, познатиот филозоф – Френсис Бекон во делото „Нов Органон“ го открива значењето и негативните последици што произлегуваат од идолите како конститутивен дел од човековото дефектно познание. Сепак идолите се многу поприсутни одошто можеме да забележиме, распространети се секаде, но не сме свесни за нивниот удел.

Идолизација на партнер

Веќе и јазикот изгуби на креативност и иновативност, бидејќи сегде можете да прочитате или слушнете само популистички фрази искажани преку устата на илјаднци луѓе.

о фазата на заљубеност сите сме првично одушевени од објектот што не привлекува. Познато е дека тежнееме да го прикажеме подобар од тоа што реално е. Но отткако идолот ќе се соочи со реалниот живот, навиките и заедничките активности, скоро секогаш губи. Во денешно време, институциите (брак) кои имаат регулативна улога на партнерскиот однос и му обезбедуваат трајност губат на сила. Познато е дека единствената врска помеѓу луѓето треба да е заснована на љубов. Но ова е прилично злоупотребувана синтагма, бидејќи љубовта е изградена на автентична нега кон односот, а заљубеноста е изградена на идоли. Поради мешање на љубов со заљубеност го имате ефектот на врски што не траат ни 3 дена и секс за една вечер како чести и нормални појави меѓу луѓето. Во случајот – идолизација на партнер, скоро секогаш на партнерот се гледа подобар одошто е.

Идолизација на (не)пријател, познаник, родител, дете и сл.

Идолизацијата на пријател или непријател може да оди во две насоки. Првата насока е да си ги претставуваме подобри одошто се или полоши од реалното. Во секој случај имаме искривена перепција за нив. Ако го идолизираме пријателот подобар од тоа што е, по некое време многу не боли разочарувањето од неговите постапки. Ако го идолизираме непријателот подобар од што е, ќе имаме неконтролиран страв и згрченост од него. Ако го идолизираме пријателот полош од тоа што е ќе го озборуваме и ќе се трудиме да изградиме лоша репутација за него, ако го идолизираме непријателот полош од тоа што е, ќе му се потсмеваме, ќе кажуваме вицеви на негова сметка и ќе го чувствуваме како „лесна“ закана.

Третиот тип на идолизација е идолизација на лидери и авторитети

Лидерството е составен дел од меѓучовечките односи, колку што е и авторитетот. Во колоквијален контекст често пати лидерството како поим се меша во авторитет. Во смисла дека оној што е авторитет истовреме е и лидер, а оној што е лидер истовремено е и авторитет. Но не мора да значи. Лидерот некогаш не ужива авторитет, затоа што е лидер од сенка, неформален лидер и сл.

Лидерството е составен дел од меѓучовечките односи, колку што е и авторитетот. Во колоквијален контекст често пати лидерството како поим се меша во авторитет. Во смисла дека оној што е авторитет истовреме е и лидер, а оној што е лидер истовремено е и авторитет. Но не мора да значи. Лидерот некогаш не ужива авторитет, затоа што е лидер од сенка, неформален лидер и сл. Но влијанието кое го има, а несвесно го применува е поголемо од она на формалниот авторитет. Авторитетот, пак, не мора да биде лидер, тој може да има позиција на моќ, но потчинетите да не му даваат легитимитет на владеењето, преку игнорирање, отпор и сл.

Овој тип на идолизација е широко присутен во Македонија. Загрижувачки е тоа што, политичките лидери се идоли на младите. Секако младоста е период во кој поради неизградениот став и свест за себе и својата посебност сите потпаѓаме на авторитети и под лидерство, бидејќи сме желни за водство.

Но идолите на мојата младост, се сосема поинакви од идолите на денешните млади. Нашите идоли беа на универзитетите, држеа предавања, ги читавме нивните грандиозни дела, гледавме слики од нив обесени на ѕидовите во предавалните и кабинетите на нашите професори.

Се восхитувавме на луѓе што зборуваа по 5 светски јазика, што не ги корумпираше ништо живо, што јасно и гласно кажуваа мислење за секоја актуелна тема без притоа да работат за нечија пропаганда или да намераваат да се допаднат некому. Моите идоли беа луѓе со морален и човечки интегритет.

А кои се лидери на повеќето денешни млади во Македонија?

Наместо да ги поминуваат деновите на факултети или на студентски журки, по ЕРАМЗУМ програми и да го шетаат светот, младите бесат слики со лидери на политички партии. Во маало се многу побитни и сите ги гледаат со различни очи ако се сликале со Заев или со Мицковски. Подржуваат идеологија што не ја разбираат и наместо да изградат свое оригинално и независно мислење како папагали повторуваат зборови на нивните партиски лидери.

Веќе и јазикот изгуби на креативност и иновативност, бидејќи сегде можете да прочитате или слушнете само популистички фрази искажани преку устата на илјаднци луѓе.

Се униформираат размислувањата онака како што само Големиот Брат може да го постигне преку контрола. Се навлегува до најситните сфери од човековата интима, за да се воспостави контрола. Не се почитува ни различноста на партнерот, а да не зборуваме за различноста на соседот или сограѓанинот. Присутен е страв дека се што ќе се каже или направи е видено од некој, дека може негативно да се рефлектира. Луѓето се плашат да зборуваат јасно и гласно во свое име, да ја покажуваат својата автентичност, својата лудост, но и својата креативност и генијалност. Без да сфатиме дека државата ни пропаѓа не затоа што имам мислење кое е погрешно, туку затоа што имам мислење кое не е свое, туку туѓо и наметнато. Во стилот на големиот Хегел завршувам со – Охрабри се да размислуваш!

Автор: Магдалена Стојмановиќ

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Колумна

Ми се смачи веќе, кога ќе го читам името Никола Груевски со неговите статуси. Се до оној момент додека не го прифати таканаречениот "пржински договор" со кој доброволно се откажа од власта , ставав рака во оган за обој човек, бидејќи мислев дека е вистински патриот и заштитник на својот народ.

Груевски и Мијалков се виновниците поради кои денес лежат во затвор невини луѓе

Грешките кои ги направи Груевски кога не го притвори Зоран Заев и веднаш не го избрка...

Значи од 16 Министерства дури на 9 ( девет) се Албанци што произлегува дека од 25% ( доколку гласале сите гласачи ид 25% Албанци во Македонија) тие партипицираат дури со 60% или 220% повеќе од тоа што би било природно (25%) што е и договорено со таканаречениот Рамковен Договор.

Албанци декларирајте се како Македонци во Македонија

На фудбалските натпревари Македонија со Албанија да навивате за Македонија. Да ги...

Според последните статистики од 30 Април 2022 , Долгот на американската влада се зголеми за приближно 1,2 трилиони американски долари на годишно ниво на проценет вкупно околу 30,50 трилиони долари во 2021 година. За 2022 година, националниот долг на САД се предвидува да биде околу 31,83 трилиони американски долари.

Америка најзадолжената земја во светот, сеуште глуми супер нација со демократски вредности

Америка најзадолжената земја во светот сеуште глуми супер нација со демократски вредности. Американскиот...