Стево Пендаровски , човекот кој македонските гласачи ги споредуваше со „стока„ требало да ги обедини Македонците и Албанците, а самиот негира дека има поим Македонски?

Објавил: Македонка Димкин | 3 март, 2019 20:48

Што спремаат Заев и Ахмети со кандидатурата на Стево Пендаровски?

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

Од Конгресот на СДСМ во Скопје, заедничкиот кандидат на 31 политичка партија, Стево Пендаровски, допатува во Тетово. Во Мала Речица, Централниот совет на ДУИ официјално даде зелено светло на неговата кандидатура за Претседател на државата.

Што се  крие во  изјавата на Пендаровски: не е важно кој ќе победи на овие избори, туку да се покаже дека земјата е способна да одржи фер и демократски избори?

Со оглед на тоа дека „Северна„ Македонија во јуни очекува одговор од Европскиот Совет за добивање датум за почеток на преговорите, а членство во ЕУ, Пендаровски рече дека не е важно кој ќе победи на овие избори, туку да се покаже дека земјата е способна да одржи фер и демократски избори.

Артан Груби е познат по провокации по однос на меѓуетничките односи ? Имено за време на изборна кампања во салата Борис Трајковски извикуваше УЧК, а беше поврзан и со меѓуетничкките судири на Кале пред неколку години

По завршување на средбата на Централниот совет на ДУИ, Секретарот за организација во партијата, Артан Груби, рече дека Советот едногласно го поддржал концептот за консензуален кандидат и кандидатурата на Пендаровски за претседател.

» Господинот Ахмети истакна дека тој самиот и ДУИ не постапуваат според дневни политички стандарди туку со стратегија, цел и долгорочна визија, рационално и без популизам, во корист на заедницата која ја претставува и во корист на сите граѓани“, изјави Артан Груби – организационен секретар на ДУИ.

На прашањето зошто ДУИ не ја поддржала кандидатурата на Блерим Река за претседател, Груби рече дека се свесни дека не може да победи кандидат Албанец само со поддршка од албанските партии. Победа може да донесе заеднички кандидат на двете најголеми заедници во земјава, додаде тој.

Освен за претседателските избори, во ДУИ денеска се дискутираше и за локалните избори во Дебар и Охрид, меѓутоа имињата на кандидатите се уште не се знаат. Донесена беше одлука дека во двата изборни процеси, со централниот изборниот штаб ќе раководи потпретседателот Изет Меџити.


Според сите Анкети на јавното мислење, повеќе е од јасно дека Стево Пендаровски нема кредибилитет да победи на овие претседателски избори. Прво тој е веже губитник и тоа во она време кога СДСМ имаше упте некој си стандатден рејтинг, второ Стево Пендарвоски има етикети на променлив политичар кој исто како и Заев тврдеше дека нема менување на име, нема менување на устав, нема двојазичност, а беше и доста вулгарен и македонските гласачи ги именуваше со поимите стоки и тоа токму пред теелвизиските екрани.

Според македонските закони, кандидатот за претседател може да победи во прв круг доколку освои над 50% од гласовите на сите регистрирани гласачи во избирачкиот список. Во спротивен случај ќе се одржи втор круг на 5 мај во кој ќе се натпреваруваат двајцата првопласирани кандидати од првиот круг. Одзивот во втор круг треба да биде минимум 40% за гласањето да се смета за важечко. Според Уставот, претседателскиот кандидат треба да има над 40 години и да биде жител на државата најмалку 10 од последните 15 години. Еден мандат на претседателот трае 5 години.

Имајќи ги сите овие факти и анализи на маса, повеќе од јасно е дека Стево Пендаровски е жртвата на кој се согласиле довецот Заев Ахмети кој треба да биде човекот по кого ќе плукаат ако не победат на изборите. Според последните локални избори право на глас  имаат 1.814.644 гласачи, За вториот круг е потребен цензус од 40% а во бројка тое се 725,857  гласачи, за да победи треба да освои 50% од цензусот или 362,928 гласачи. 

Како беше на изборите во 2014 година

Првиот круг се одржал на 13 април 2014.Водство во првиот круг остварил Иванов со освоени 448.303 гласови односно 51,65%, додека второпласиран бил Пендаровски со 326.069 гласови или 37,57% од избирачите кои гласале.

Вториот круг се одржа на 27 април 2014 година. Во него се пласираа кандидатите Ѓорѓе Иванов и Стево Пендаровски. Победи кандидатот на ВМРО-ДПНМЕ Ѓорѓе Иванов со освоени 534.910 гласови наспроти кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски со 398.077 гласови.

Победник во првиот круг највероватно нема има, а дали Македонецто ќе бојкотира во вторииот круг ќе зависи од тоа дали во првиот круг, новите браќа по етникум Зоран и Али ќе се дрзнат да ги полнат кутиите? Едно е повќе од јасно, на Македонија и треба нова влада и претседател кој што ќе биде претседател за почит и кој ќе се бори за владеењето на правото и правото  на јавната мисла на граѓанинот

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.