Формирањето на косовската армија не значи ништо друго освен исполнување на уште еден атрибут за Косово да може да се нарече држава. Кога контолирате одредена територија имате воспоставено административен апарат и утврдени граници логичен следен чекор е да се формира војска.

Објавил: Едмонд Бекири | 15 декември, 2018 20:16

Што ќе значи за Македонија новата војска на северот ?

Фото/Текст извор: ©Магазин

Формирањето на косовската армија предизвика силни турбуленции на Балканот и ја покажа можеби и за првпат поделеноста на западните сили за косовско-српскиот конфликт.

Формирањето на косовската армија не значи ништо друго освен исполнување на уште еден атрибут за Косово да може да се нарече држава. Кога контолирате одредена територија имате воспоставено административен апарат и утврдени граници логичен следен чекор е да се формира војска.

Но што покажа процесот на формирање на косовска војска ?

Голем број на жители на Српска Митровица, во знак на протест денеска се собраа пред седиштето на УМНИК во северниот дел на поделениот град. Демонстрантите симболично ја погребаа Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, бидејќи, според нив, таа била поништена со денешната одлука на Собранието на Косово за трансформација на Безбедносните сили во Војска. Српската премерка Ана Брнабиќ смета дека ваквата одлука на косовските власти не придонесува кон стабилност во регионот, додавајќи притоа дека е подобро да се зборува за соработка, наместо земјите да подигаат бариери.

Ако процесот на формирање на косовската држава јасно покажа дека целиот западен свет предводени од САД, Франција, Германија со исклучок на Шпанија свират по исти ноти, процесот на формирањето на косовската војска покажа две клучни работи.

Првото е дека Србија со новата дипломатија предводена од дуото Вучиќ-Дачиќ не само што ги охрабрува традициналните поддржувачи како Франција силно да застанат зад српските ставови, туку придобива и група на европски земји кои ја поддржале косовската независност предводени од Германија, Австрија и други.

И второ, интересот на САД во формирањето на косовската војска ќе значи уште еден обрач околу Србија која се гледа како руска база на Балканот, главно поради нејзината декларирана воена неутралност, а секако во иднина и нова членка во НАТО алијансата. Поддршката на САД за косовската војска само ќе ги засили симпатиите помеѓу Србија и Русија.

Што ќе значи за Македонија новата војска на северот ?

Новата косовска армија Македонија мора да ја гледа низ призмата на поранешниот косовски заштитен корпус (КПК). За време на конфликтот во 2001 година македонските безбедносни служби тврдеа дека косовскиот заштитен корпус (КПК) беше главен регртутен центар на т.н ОНА која добиваше оружје и логистика токму од Косово.

Македонските безбедносни служби треба да дадат одговор на две прашања,
прво кои од структурите на поранешната УЧК потенцијално опасни за Македонија ќе бидат инкорпирани во косовската војска  второ какви ќе бидат ефектите врз стабилноста на Македонија ако деценски илегалната УЧК ќе се здобие со статус на редовна армија.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.