Министерката за правда и премиерот на иста линија, закон за амнестија на затворениците за пет години, по Идризово, штрајкува и Прилеп, штипските затвореници "опоменати"

Објавил: Мартин Попоски | 11 декември, 2018 13:38

Штрајкот на затворениците од Идризово се прошири и во прилепскиот затвор

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Штрајкот на затворениците денеска се прошири и во прилепскиот затвор каде по примерот на затворот „Идризово„, од денеска и тие одбиваат да земат храна.

Се обидуваат со глад да издејствуваат амнестија, односно да бидат опфатени со Законот за помирување што се подготвува во Собранието.

Од вчера над 600 затвореници, од истата причина штрајкуваат во затворот „Идризово„.

Испратија писма до премиерот и до затворската управа, во кои бараат амнестија, но Заев веднаш ги одби.

Изјави дека Закон за општа амнестија веќе имаше и не може во следните пет години да се повтори. Со тој закон беа амнестирани 815 затвореници, осудени на казна до пет години затвор. Министерката за правда се согласува со ставот на премиерот.

Осудениците во Затвор во Штип денеска не штрајкуваат и не се солидиразираат со затворениците од Затворот во Идризово, кои вчера почнаа штрајк со глад, поради најавениот закон за амнестиија за дел од учесниците во настаните од 27 април, а кој треба да го изготви телото за помирување.

Директорот Мики Тодоров вели дека вчера 19 осуденици не се појавиле на појадокот, но откако разговарале со нив, осудениците прекинале со штрајкот и се појавиле во мензата за време на ручекот.

Во овој затвор во моментов казна затвор издржуваат вкупно 334 осуденици.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.