Според АП, 42-годишната Ебру Тимтик починала синоќа во истанбулска болница откако штрајкувала со глад 238 дена.

Објавил: Владо Марин | 29 август, 2020 18:30

ШТРАЈКУВАЛА СО ГЛАД ДО СМРТ: Адвокат (42) во Турција почина во затвор по 238 дена борба за фер судење!

Фото/Текст извор: ©kurir/rs Магазин.мк

Турска адвокатка за човекови права почина како резултат на штрајк со глад во затвор, со намера да се бори за фер судење за себе и за група свои колеги.

Според АП, 42-годишната Ебру Тимтик починала синоќа во истанбулска болница откако штрајкувала со глад 238 дена.

Таа и 17 нејзини колеги се обвинети за наводни врски со забранетата Револуционерна партија за народно ослободување, милитантна организација обележана како терористичка организација во Турција, САД и Европската унија.

Тимтикова беше прогласена за виновна во март 2019 година и беше осудена на 13 години и шест месеци затвор, а за време на нејзината смрт, апелациониот суд го разгледуваше нејзиниот случај.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.