Курто Дудуш со невредлив јазик кон загрижените граѓани

Објавил: Стефан Каневче | 30 јануари, 2019 22:16

Шутка во страв од киднапирање деца

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

На емисија на една македонска телевизија на која се дебатираше за состојбата во Општина Шутка, се вели дека во изминатите 10 дена постојат шпекулации за обиди за киднапирање на деца.

Градоначалник на општина, Курто Дудуш, пред неколку дена поднел пријава во надлежната полициска станица за стравот којшто владеел во општината и наводни случки во кои населението спречувале обиди на киднапирање.

Пред дена се случил инцидент со поголема група на граѓани кои препознале сомнително возило кое одговарало на описот на очевидци, а во тек е истрагата за утврдување на фактите.

На својот фејсбук профил, на реакциите на граѓаните, градоначалникот на општината Курто Дудуш на недоличен јазик вели дека “овие од НВО се педери и многу гомна јадат“.

Меѓу населението владее страв и паника што резултира со бојкот на наставата во општината. 

Целиот прилог може да се погледне на следниот линк:

 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.