Имено тој и овој пат покажа дека иако веќе има достигнато светска слава, знае да остане присебен. Ѓоковиќ кој во моментот е во Белград заедно со своето семејство вчера вечер направи потег кој децата од неговото маало сигурно нема да го заборават никогаш.

Објавил: Катерина Крстиќ | 18 февруари, 2020 11:50

Ѓоковиќ воодушеви со овој потег : Светскиот број еден играл тенис со децата од неговата зграда (ВИДЕО)

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Новак Ѓоковиќ е миленикот на женската публика, и тенисерот број еден на кој е горда Србија, но и целиот регион.

Новак Ѓоковиќ е роден во Белград, СФР Југославија на 22 мај 1987 година, од родителите Срѓан и Дијана Ѓоковиќ. Неговите двајца помлади браќа Ѓорѓе и Марко, исто така, се тенисери со професионални аспирации. Новак е оженет со Јелена Ристиќ

Имено тој и овој пат покажа дека иако веќе има достигнато светска слава, знае да остане присебен. Ѓоковиќ кој во моментот е во Белград заедно со своето семејство вчера вечер направи потег кој децата од неговото маало сигурно нема да го заборават никогаш.

Имено Ѓоковиќ е снимен како пред зградата во која живее игра тенис во дворот со една група деца.

Па иако е број еден тенисер во светот сепак Новак Ѓоковиќ одлучи да биде достапен за „обичниот“ свет, а посебно во родната Србија.

Семејството Ѓоковиќ неодамна се пресели во новобеоградката населба, каде е вистинска атракција, а соседите за тенисерот имаат само пофални зборови.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис