Невиден срам во Австралија

Објавил: Мирко Бачиќ | 16 јануари, 2022 11:09

ЃОКОВИЌ ВО 12:30 ЛЕТА ЗА ДУБАИ: Полиција ја окупира здрадата каде Ѓоковиќ го следеше судењето

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ во 12:30 часот ја напушта Австралија со летот за Дубаи!

Во моментов низ улиците во Мелбурн се случуваат протести по скандалозната одлука на австралиските власти да го вратат Ѓоковиќ дома!

Српскиот претседател, Александар Вучиќ се обрати откако австралискиот суд пресуди во полза на тамошните власти и одлучи да ја поддржи одлуката за депортација на Новак Ѓоковиќ. 

„Тие мислат дека со таа одлука го понижија Новак Ѓоковиќ. Тие се понижија себе, а Ѓоковиќ може да крене глава и да се врати во својата земја и секој да го погледне во очи“, вели Вучиќ.
 
„Вие 10-11 денови го малтретирате за да му ја дадете одлуката која сте знаеле дека ќе му ја дадете од првиот ден. Да сте рекле дека ако не е вакциниран нема да влезе во земјата, тој воопшто не би доаѓал или би се вакцинирал. Вака сте оставиле можност за медицинско изземање. Врз основа на тоа тој дојде кај вас и направи сè што требаше да се направи, а потоа следуваше шиканирање и малтретирање од невидени размери, медиумски линч и лов на вештерки бидејќи веројатно на Новак Ѓоковиќ сакаа да покажат како функционира светскиот поредок за лов на вештерки и како можат тоа да му го направат на секој“.
 
„Велат дека во Србија се вакцинирани под 50 проценти од граѓаните. Немојте да лажете, бидејќи официјално се вакцинирани 58 проценти, тоа е повеќе од многу земји во ЕУ, особено во нашето окружување. Тоа беше бесмислен аргумент“.
 
Во март Србија е домаќин на Светско атлетско првенство во сала. Вучиќ вели дека тие нема да ги пречекаат австралиските спортисти на ист начин.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.