Дел Потро пласманот го обезбеди откако актуелниот најдобар тениер во светот Рафаел Надал му го предаде полуфиналниот натпревар

Објавил: admin@magazin | 8 септември, 2018 11:30

Ѓоковиќ и Дел Потро во финалето на УС Опен

Фото/Текст извор: ©Магазин.мк

Српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ ќе се соочи со Аргентинецот Хуан Мартин дел Потро во финалето на Ју-Ес опен.

Дел Потро пласманот го обезбеди откако актуелниот најдобар тениер во светот Рафаел Надал му го предаде полуфиналниот натпревар поради повредата на десното колено.

По два одиграни сета Дел Потро имаше водство од 2:0, а Надал откако трипати повика медицинска екипа на теренот одлучи да го предаде натпреварот.

Во вториот полуфинален натпревар Ѓоковиќ со убедливи 3:0 во сетови го совлада јапонскиот тенисер Кеи Нишикори.

Натпреварот траеше два и пол часа, а Нишикори немаше шанси против мотивираниот српски тенисер.

За Ѓоковиќ ова ќе биде осмо финале на Ју-Ес опен.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Тенис