Огромна и неизмерна загуба е за спортскиот свет, а смртта на легендарниот кошаркар го потресе и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој беше негов близок пријател.

Објавил: admin@magazin | 26 јануари, 2020 22:35

Ѓоковиќ и Коби беа најдобри пријатели: Еве што изјави Новак, еден ден пред смртта на Брајант!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Целиот свет жали и е во неверување поради трагичната смрт на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант.

Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа во Калифорнија на 41-годишна возраст.
Огромна и неизмерна загуба е за спортскиот свет, а смртта на легендарниот кошаркар го потресе и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој беше негов близок пријател.

Само 24 часа пред неговата смрт, српскиот тенисер зборуваше за неговото пријателство со Брајант и истакна дека му помогнал во најтешкиот период од неговиот живот а тоа е кога закрепнуваше од повреда на лактот.

„Коби е еден од моите ментори, кога поминав низ тешкиот период поради повреда на лактот, тој беше еден од оние што беа со мене цело време и ми даваше совети“, рече Ѓоковиќ пред новинарите во Мелбурн во саботата.

„Да се биде опкружен со луѓе како Коби или Кристијано Роналдо е неверојатно, јас се чувствувам како млад ученик меѓу нив“, рече Ѓоковиќ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Трагедија

Автобусот скршнал од патот и паднал во близина на железничка пруга во округот Местре, кој со мост е поврзан со Венеција. Причината за несреќата е сè уште непозната, пренесува Ројтерс.

Најмалку 20 луѓе настрадаа по пад на автобус од надвозник во близина на Венеција

Најмалку 20 луѓе загинаа синоќа откако автобус кој превезувал туристи слетал од надвозник...

Катастрофата се случила кога експресниот воз што сообраќал од индискиот технолошки центар Бенгалуру до Калкута излетал од шините, паѓајќи на соседната пруга.

400 ЗАГИНАТИ ВО ЖЕЛЕЗНИЧКАТА НЕСРЕЌА Ова е еден од најсмртоносните судари во Индија

Најмалку 288 луѓе загинаа, и над 850 се повредени во судир на три воза во Индија, соопштија...