Поранешната лидерка на женскиот тенис, Амели Моресмо минатиот месец истакна дека целата сезона во 2020 година може да се откаже и дека нема да има турнири сè додека натпреварувачите не бидат имунизирани против КОВИД-19.

Објавил: Катерина Крстиќ | 20 април, 2020 10:43

Ѓоковиќ: Јас сум против вакцинирање за Ковид-19- несакам некој да ме тера да се вакцинирам!

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Српскиот број еден тенисер кој го освои светот, Новак Ѓоковиќ веќе неколку пати беше во центарот на вниманието поради коронавирусот, однсоно поради неговата хуманост кога тој донираше за својата земја Србија, но и за болницата Бергамо во Италија.

Така и овој пат го освои вниманието откако изјави дека ќе се соочи со дилема ако АТП ги задолжи играчите да имаат вакцина пред да се вратат на терен.

– Лично, јас сум против вакцинирање и не би сакал некој да ме натера да се вакцинирам за да можам да патувам. Но, ако овој услов стане задолжителен, ќе треба да донесам одлука. Јас имам свои ставови за ова прашање, но дали ќе се променат се уште е рано да ми кажам. Хипотетички, ако сезоната продолжи во јули, август или септември, вакцинацијата најверојатно нема да биде меѓу барањата за учество на турнири, иако вакцината сè уште не е развиена, рече Ѓоковиќ во разговорот со други српски спортисти на Фејсбук.

Поранешната лидерка на женскиот тенис, Амели Моресмо минатиот месец истакна дека целата сезона во 2020 година може да се откаже и дека нема да има турнири сè додека натпреварувачите не бидат имунизирани против КОВИД-19.

Ако се земе предвид мислењето на водечките лекари од целиот свет, ваквата вакцина би се очекувала во 2021 година.

За потсетување, за прв пат по Втората светска војна, поради глобалната пандемија на КОВИД-19, Вимблдон беше откажан. Преместен е за крајот на септември и почетокот на октомври а традиционално се одржуваше во мај и јуни.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.