сабота, 20 април 2024

MK/ EN/ DE



Според членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев во Македонија имаме политички реваншизам и нарачани пресуди од власта.

Објавил: Владо Марин | 30 септември, 2020 15:52

Ѓорчев: Во Македонија се случува политички реваншизам, терор и економски колапс

Фото/Текст извор: ©курир

„Видете тоа е шарада на власта во која што премиерот и министритее се возат во истиот тој мерецедес кој што нели ќе го продаваа и ќе ги донираа средствата не излегоа од тој мерцедес а истовременои имаме најголема рецесија во Македонија, 40 илади луѓе останаа без работа во исто време 1 килограм грозје во Кавадарци е 2 денари, внимавајте тоа значи за 200 денари добивате 100 килограми грозје за 2 000 денари 1 тон грозје ованикогаш го немало во МАкедонија‘‘ исткана Ѓорчев

Според членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев во Македонија имаме политички реваншизам и нарачани пресуди од власта.

„Главната порака е дека било кој од СДСМ што сака може да направи, за се е покриен, макар и да става пари во торба а било кој што е од ВМРО -ДПМНЕ било како, по секоја цена ќе оди во затвор. Значи јасно е дека имаме политички нарачани пресуди од власта до судството и дека имаме една катастрофална сосотјба, имаме ситуација каде што десетици и десетици луѓе се во затвор и имаме една ситуација која што е среќна нова 49 година‘‘ истакна Ѓорчев.

Владимир Ѓорчев посочи декаво Македонија за Уставни Судии се наградуваат личности кои што остварувале политички нарачани пресуди.

„Имаме ситуација каде што за Уставен судија се наградува личност која што затвори 30 тина чуѓе внимавајте за тероризам за 300 години. Заначи имаме ситуација во која што вечерва десетици и десетици деца ќе бидат без нивните татковци затоа што некој од власта нарачал нивна пресуда. Имаме садизам кој што ни се случува во Македонија‘‘ посочи Ѓорчев
Во однос на предлогот за назначување на Добрила Кацарска за уставен судија Ѓорчев нагласи дека според него не е во ред да се гази врз човечки судбини со цел да се направи кариера во Уставен Суд.

„Јас да сум на местото на Добрилка Кацарска не би можел себеси во огледало да се погледнам. Мислам дека не е во ред човек да гази преку човечки судбини да уништува десетици семејства со пресуди од 10 ,15, 18 години за да направи кариера во Уставен СУД. Затоа што на крајот на краиштата сите ние треба да живееме во оваа држава.Ваков жесток терор Македонија не памти, мислам дека Македонија ги живее најсрамните моменти последниве 70 години‘‘ истакна Ѓорчев

Според членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев Македонија ги живее најтешките економски социјални и здравствени моменти.

„Македонија ги живее економски најлошите моменти каде што нашите деца не можат ни во школо да одат, заради неспособноста на власта, една нова фабрика немаме истовремено власта има потрошено 15 милјарди евра одкако Зоран Заев е премиер и ништо не е изградено. Македонија едно време беше место каде што секој втор месец се отвараше фабрика, или нова зграда или нов објект или нова спортска сала сега огромни пари се потрошени, буџетот ни е 20 -30 проценти поголем а ништо не е изградено тоа значи дека во моментот во Македонија има ужасна корупција, по сите параметри сме убедливо најлоши во Европа.

Гледате што се случува и со корона кризата имаме 730 починати најлоши на Балканот сме‘‘ заклучи Ѓорчев

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести


Ние користиме колачиња за да ја подобриме практичноста на веб-страницата. Со вашата посета се согласувате со ова.