„Исчезнуваат шумите, горат овошни насади на луѓето, имаме евакуирање на цели села. Прашање на време е кога ќе дојдат жртви“, рече пратеникот Влатко Ѓорчев.

Објавил: Перо Милчин | 31 март, 2019 14:18

Ѓорчев: Заев насмеан си пие кафе во чаршијата во Охрид, а шумите горат во Македонија!

Фото/Текст извор: ©онлине / магазин

ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес конференција рече дека е време за оставки и разрешувања, поради пожарите кои со недели беснеат низ целата земја.

Пратеникот од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Владимир Ѓорчев на прес-конференција рече дека во Македонија исчезнуваат шумите, горат овошните насади на луѓето, а има и евакуирање на повеќе села, а премиерот не мрда ни со прст.

Ѓорчев рече прашање на време е кога ќе дојдат жртви. Тој рече дека како никогаш досега, во март, има повеќе од петстотини пожари низ Македонија којшто никој не ги гаси и не се бркаат сторителите.

„Исчезнуваат шумите, горат овошни насади на луѓето, имаме евакуирање на цели села. Прашање на време е кога ќе дојдат жртви“, 

Тој рече дека во состојбата со пожарите вклучени се шумската мафија, институциите на полицијата, локалните власти и министерствата.

„Во време додека Зоран Заев оди и се поздравува и пие кафе низ чаршијата во Охрид гори струшко, гори Галичица, гори Преспа, гори трската. Никој ништо не превзема. Тоа е невидена негрижа.

Господине Заев време е за оставки, време е за разрешување. Време е некој да поднесе одговорност за оваа невидена негрижа која доведе до тоа да имаме такво охрабрување, такво осоколување на криминалците кои што се заштитени од вашите институции, за да имаме ситуација којашто во месец март внимавајте имаме повеќе од 500 пожари“, изјави Ѓорчев.

Земјава е зафатена од пожари – горат шуми во Делчевско, Липковско, Лакавица, Желино, Арачиново, Битола, Велес, Преспа, Скопје и Охрид. Најтешка беше ситуацијата во Велес. Во Драчево огнот ја зафати и железничката пруга, а Лакавица остана без струја поради зашто беа опожарени електричните бандери.

Од Дирекцијата за заштита и спасување велат дека ситуацијата е под контрола. Апелираат и до општините да дадат максимум во гаснењето на пожарите.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести