Тие знаат што се случува во Македонија и затоа со месеци, па можеби и година дена никој нема дојдено во Македонија. Со корумпирани политичари европејците не сакаат да имаат работа, нагласи Ѓорчев.

Објавил: Рејхан Бајрами | 8 јуни, 2021 7:26

Ѓорчев: Македонија ја има најкорумпираната влада во историјата предводена од Заев, а во ЕУ не сакаат корумпирани држави

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Позицијата на Македонија во моментов е како никогаш полоша во македонската историја откако имаме држава. Македонија никогаш не била попонижена и покрадена. Македонија ја има најкорумпираната влада во историјата, а во Европска Унија не им требаат корумпирани држави, изјави Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, за „Што мисли народот“ на ТВ стар.

Ѓорчев потенцира дека иако политиката на Заев беше да распродаде се што имаше, да ги руши сите црвени линии кои беа градени со години, сега се покажа дека ЕУ не сака корумпирани држави и влади како таа која ја предводи СДСМ и тоа јасно ни е укажано повеќе пати.

Во моментов според рангот на Транспаренси Интернешнл, Македонија е најкорумпирана држава во Европа, ја имаме најкорумпираната власт. Кога ќе се стават настрана пофалбите на власта и кога ќе ги видиме бројките, доаѓаме до вистината. Оваа власт го има најголемиот буџет во историјата, дојдовме до 4,5 милијарди евра годишно, а ништо не изградено. Нема ниедна друга власт која толку ги исцедила народот и стопанството како оваа власт, а истовремено да нема ништо испорачано, истакна Ѓорчев.

Тој додаде дека ако ние сме земја која би била како Хрватска кога стана членка на ЕУ, тогаш ќе биде примена, но не сме, бидејќи своевремено не блокираше само Грција, а сега вето имавме и од Франција кое меѓу редови беше поддржано и од земји како Холандија, Белигија и Данска. Забелешките за оваа влада навистина се големи.

Тие знаат што се случува во Македонија и затоа со месеци, па можеби и година дена никој нема дојдено во Македонија. Со корумпирани политичари европејците не сакаат да имаат работа, нагласи Ѓорчев. 

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Интервју

„Има документи, согласности, уснени согласности, телефонски разговори, за секој пациент докторите се должни да ги информираат. Ние први воведовме видеоконференција

Жан Митрев: Не се плашам од обвинение, ќе се докажувам и 100 години ако треба – никогаш не сум рекол дека хемофилтрацијата е лек

Неговиот вечерашен јавен настап во кој се бранеше од наводите во документарниот филм...

Зошто никој не зборува за германскиот предлог во времето на владата на Меркел, од нивното претседателство, каде исчезна тој?

Имам информации дека владата на Ковачевски го прифатила предлогот од Париз

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вчерашното гостување во емисијата...

„Јас не се занимавам со економијата на семејството, колку пари кружеле… Добро е, дојдете еден ден кај мене дома, зборувајте со мојата сопруга“, рече Ахмети.

Ахмети не знае колку чини маслото за јадење: Зборувајте со сопругата, не се занимавам со економијата на семејството

Лидерот на ДУИ Али Ахмети во гостувањето во емисијата „Клик плус“ на ТВ21кажа дека...

Вели дека е подготвен во секој момент да седне на маса и да разговара за сите теми со Ковачевски, но на тие средби ќе мора да се разговара и за предвремени ибори.

Мицкоски: Немам намера никого да уценувам, подготвен сум во секој момент да седнам на маса

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека блокадата на Собранието не е начин...