Тој преку својот „Инстаграм“ кажа дека има Ковид -19  и соопшти дека претходно две недели бил во Македонија каде се ракувал и фотографирал со многу луѓе.

Објавил: Катерина Крстиќ | 1 април, 2020 11:03

Ѓорѓе Давид шокираше: „ Многу познати кријат дека имаат корона а лежат со мене во болница!“

Фото/Текст извор: ©магазин.мк

Пред неколку дена на својот Инстаграм профил пејачот Ѓорѓе Давид објави дека е заразен од коронавирус и се наоѓа во болница.

Ѓорѓе Давид е познат српски рокер и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“

Многу познати кријат дека се заразени, а лежат со мене во болница“,  изјавил пејачот, пишува „Ало.рс“.

Во медиумите неодамна одекна и веста дека Ивана Петерс се тестирала за корона бидејќи на почетокот на март имала контакт со рокерот.

Инаку Ѓорѓе Давид е познат српски рокер и член на жирито на „Ѕвездите на Гранд“, а минатта недела за прв пат на својот Инстаграм профил објави дека е заболен од КОРОНАВИРУС и дека  се наоѓа во болница.

-Трет ден сум во болница. Прво на инфективна. Денеска сум префрлен на пулмологија во оделот на КЦ! Воспаление на белите дробови. Чекам резултати од тестот за коронавирус! Баш сум безвр… силен сум, но… ќе се јавам штом ги добијам резултатите! Чувајте се луѓе! Здравје боже, напиша минатта недела Ѓорѓе Давид на Инстаграм.

Тој потоа рече дека се фотографирал со многу луѓе поради природата на својата работа и патувал во Македонија и цела Јужна Србија.

Направив преку 2.000 километри токму во периодот од 11 до 14 јануари низ Македонија и низ цела јужна Србија, апсолутно сигурен дека возејќи се во својот автомобил и контактирајќи ги луѓето на начин на кој ги контактирав мислев дека сум заштитен – во смисол не влегувам во толпа. А, потоа го вратив филмот и сфатив дека тие денови бев во контакт со најмалку 500 луѓе. Како некој кој е свесен за природата на својата работа, кој и да ми пријдеше во Македонија се фотографирав-вели Давид.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.