Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ по предлог на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски попладнево го изгласа Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар на партијата.

Објавил: Владо Марин | 30 септември, 2020 20:46

Ѓорѓија Сајкоски е нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Фото/Текст извор: ©360 степени

Сајкоски доаѓа на местото на Игор Јанушев, кој си замина од оваа функција  наброзо по изборот на новата Влада на СДСМ, на која тој и се закануваше со „политички пекол“!

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ по предлог на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски попладнево го изгласа Ѓорѓија Сајкоски за нов генерален секретар на партијата.

„Членовите на Централен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ го избраа и му дадоа поддршка на Сајкоски бидејќи веруваат дека тој одговорно ќе ја врши функцијата Генерален секретар и ќе ги застапува конкретните политики на партијата кои ќе допринесат да се насочи Република Македонија на вистинскиот пат“,

се вели во партиското соопштение.

Сајкоски е роден во Кичево и е доктор на историски науки. Тој е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во сегашниот состав на Собранието. Досега има извршувано повеќе функции и тоа претседател на Совет на Општина Кичево 2009-2013, заменик министер во министерство за локална самоуправа и директор на ЈП Студенчица.

„Сајко нека е со успех позицијата, нѐ чека многу работа и заеднички битки. Се до конечна победа над мафијата!“,

напиша Мицкоски на својот профил на Фејсбук.

Сајкоски доаѓа на местото на Игор Јанушев, кој си замина од оваа функција наброзо по изборот на новата Влада на СДСМ, на која тој и се закануваше со „политички пекол“.

Вистинските причини за оставката што Јанушев ја поднесе на последната седница на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, набрзо по изборот на новата Влада, останаа енигма за јавноста. За разлика од Владо Мисајловски и Александар Николоски на кои вечерта на 21 септември им беше потврден потпретседателскиот мандат во ВМРО-ДПМНЕ, Јанушев не само што поднесе оставка „од лични причини“, туку и не се најде меѓу членовите на новиот состав на ИК.

Јанушев беше именуван за генерален секретар на партијата набрзо по изборот на Мицкоски на чело на ВМРО-ДПМНЕ. Од таа позиција тој го предводеше и централниот изборен штаб на партијата на неодамнешните претседателски избори, како и на ланските претседателски избори.

Во изминатите три години тој беше меѓу најгласните и најекспонирани критичари на владата на СДСМ.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.