Кога Геровски ја зборува вистината?

Објавил: Узунов Бобан | 15 август, 2019 7:30

Ѓорѓи Спасов: Кога Геровски ја зборува вистината?

Фото/Текст извор: ©магазин

Професорот Ѓорѓи Спасов со фб анализа на пишувањата на Бранко Героски. 

Кога Геровски ја зборува вистината?

На својата феjсбук страница денес Геровски во одговор на некои прашања пишува:
„Oд вечерта пред првото апсење за “Империја” до денес со Орце Камчев се имам видено на кратко два пати и немаме разговарано ни за “Империја” ни за “Рекет”.

Но во неговата колумна објавена на 15 јули под наслов Ексклузивно: Сведокот две години бескрупулозно рекетиран но храбро решил рекетарите да ги врзе во крпче„ тој пишува.
„На мое инсистирање да ми каже кој, според него, стои зад овој случај на милионски рекет, човекот ме убедуваше дека тука нема политичка заднина или режија од сегашната влада, туку во целост станува збор за игра на поединци, рекетари, обвинители и судии.
– Мојата единствена намера е да ја санирам штетата што ми беше нанесена со монтираниот случај и негативните последици врз мојата лична репутација и врз бизнисот. Бев спремен за ова да проговорам и порано, но беше неопходно да се случат две битни работи: рекетарските притисоци да се документираат со непобитни докази, што е сторено, а јавноста самата да се увери во вистинскиот неморал на овие рекетари и на нивниот ментор обвинител – ми рече жртвата.
Хм. Ем не разговарал ем разговарал и на негово инсистирање човекот го убедувал.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.

Останати вести од Вести