Од месо, може да се користи пилешко, свинско, јагнешко или говедско, а понекогаш риба, но можно е месото и да се изостави.

Објавил: admin@magazin | 24 август, 2019 22:11

ЃУВЕЧ СО ПИЛЕШКО!

Фото/Текст извор: ©готви

Ѓувеч е турска, романска и балканска чорба од месо и зеленчук, налик на француската чорба наречена рататуј. Се подготвува од месо, маслинки, домати, печурки, кромид, билки, и зачини, и најчесто се служи со мешана салата.

Од месо, може да се користи пилешко, свинско, јагнешко или говедско, а понекогаш риба, но можно е месото и да се изостави. Од зеленчук се користи: кромид, домати, пиперки, тиквичка, модар патлиџан, грашок, компири, моркови.

Од зачини се додаваат: црвен пипер и градинарска чубрика и некои други билки. Ова јадење може да се пржи или да се пече.

Од зачини се додаваат: црвен пипер и градинарска чубрика и некои други билки. Ова јадење може да се пржи или да се пече.

Состојки:

1 пиле, исечкано на парчиња
1 главица црвен кромид
150 гр ориз
250 гр грашок
сол
бибер
сув зачин
1 лажица доматно пире
2 дл пилешка супа

Начин на подготовка:

Пилешкото испечете го на масло. На истата маст издинстајте исечкан кромид, па додајте ориз. После неколку минути додајте грашок, супа, зачини и доматно пире, па добро измешајте.

Смесата ставете ја во плех, наредете пилешко па ставете во рерна загреана на 180 степени и печете околу 40 минути.

Добар апетит!

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.