Според портпаролот на грчката влада, Преспанскиот договор ќе биде ратификуван, но претходно ќе мине период на ревизија, како уставните измени оставиле отворени прашања

Објавил: Мартин Попоски | 13 ноември, 2018 13:01

Ѕанакопулос: Не брзаме со ратификација, прво ќе има ревизија

Фото/Текст извор: ©online/магазин.мк

Грчката влада ја подигна рачната кочница, по најавите од Скопје дека Преспанскиот договор, во март, веднаш ќе биде ратификуван од парламентот во Грција.

Според извори од грчката влада, иако имаат постојана координација со владата на Заев, сепак комплетно новиот устав на Република Северна Македонија, прво ќе оди на детална ревизија.

Ова го потврди и портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за грчкото радио “Њуз247” кој вели дека ратификацијата на Договорот од Преспа ќе биде во согласност со одредбите од самиот договор.

Премиерот рече дека договорот ќе биде доставен во грчкиот Парламент врз основа на она што го одредува самиот Договор од Преспа, а потоа ќе се одреди процесот за ратификација на договорот. -рече Ѕанакопулос во интервјуто, одговарајќи на прашањето во врска со тоа дали доколку кај нас уставните измени завршат во јануари, во Грција би дошол на ратификација во март.

Ѕанакопулос јасно стави до знаење дека и покрај имплементацијата на голем број од одредбие од Преспанскиот договор, сепак во Уставот на Скопје, во одредени членови стои јасно Македонска држава и Македонски народ, што е спротивно од договорот.

»Вестите на порталот MAGAZIN.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од порталот или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе следи фактурирање на име "плагијат" во вредност од 20.000 денари.